Балкан

Адмиралот Фого за војската на Косово: „Тоа е суверена одлука“

„Косово е една демократија исто како што се Македонија и Србија, каде граѓаните гласаат за лицата што донесуваат одлуки во нивно име“, рече Фого.

Bekim Laci  | 12.12.2018 - Обновена : 12.12.2018
Адмиралот Фого за војската на Косово: „Тоа е суверена одлука“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - „Одлуката на косовските власти за трансформирање на Безбедносните сили на Косово во Војска е суверена одлука, и нам ни останува да го почитуваме тоа“, рече денес во Скопје командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, јавува Anadolu Agency (AA).

Адмиралот Фого го кажа тоа за време на прес-конференција во Скопје, по средбата што ја реализираше со министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска.

Запрашан од новинарот на АА во врска со наводите за формирање на војската на Косово и влијанијата што може да ги има врз стабилноста на регионот, Фого рече: „Косово е една демократија исто како што се Македонија и Србија, каде граѓаните гласаат за лицата што донесуваат одлуки во нивно име“.

„Оттука истакнувам дека ова е една суверена одлука што треба да ја направи Собранието на Косово за трансформација на Безбедносните сили на Косово“, додаде тој.

Тој истакна дека е нагласено оти процесот на трансформација ќе трае 10 години, и додаде дека во меѓувреме негова одговорност е да се грижи за една безбедна средина и да ја гарантира слободата за слободно движење.

„Ние сме подготвени за која било одлука што ќе биде донесена оваа недела“, рече Фого.

Потсетуваме, во петок, 14 декември, Собранието на Косово се очекува да го ратификува нацрт-законот за транформација на Безбедносните сили на Косово во Војска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın