Almir Terzic
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
САРАЕВО (AA) - Конференцијата на ОБСЕ за слободата на медиумите на Западен Балкан, која ќе биде на високо ниво, ќе се одржи на 27. февруари во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на конференцијата на ОБСЕ, која е организирана во соработка со претседавачот на ОБСЕ, Република Австрија и кабинетот на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, е да се создаде платформа за размена на иницијативи и добри практики од регионот на Југоисточна Европа за релевантните прашања за медиумските слободи коишто влијаат на земјите-членки на ОБСЕ, а со фокус на безбедноста на новинарите и на медиумската етика.
Конференцијата ќе даде насоки за идните чекори во делувањето на ОБСЕ, ќе создаде синергија на регионалните експерти, цивилниот сектор и државната управа во подрачјето на слобода на медиумите.
Покрај поканетите учесници од Западен Балкан, на конференцијата ќе се обратат министерот за Европа, интеграции и надвореши работи на Република Австрија, Себастијан Курц и претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ.