Tevfik Durul
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
МИЛАНО (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека лицата и организациите поврзани со терористичката организација ФЕТО ги злоупотребуваат меѓународните организации како што се Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), јавуваAnadolu Agency (AA).
„Повеќе од две години се бориме со овом проблем. Како земја членка и основач очекуваме итно решавање на овој проблем", рече Чавушоглу во обраќањето на 25. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој на 6 и 7 декември се одржува во Милано.
Истакна дека последните случувања во Керчкиот теснец се многу „загрижувачки", апелирајќи на сите страни да постапуваат одговорно и да го почитуваат меѓународното право.
Нагласи дека е многу важно да се преземат сите потребни мерки за да се намалат тензиите во регионот.
„Потполно го поддржуваме територијалниот интегритет и националниот суверенитет на Украина, вклучувајќи го и Крим", рече турскиот шеф на дипломатијата.
Истакна дека е потребно да се води конструктивен дијалог, додавајќи дека „замрзнатите конфликти" како што се Абхази, Јужна Осетија и Нагорно Карабах треба да се решаваат во рамките на меѓународното право, притоа почитувајќи го територијалниот интегритет на државата.
Ја нагласи и важноста на заедничката борба против радикализмот, екстремизмот и тероризмот.
Состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ се одржува на 6 и 7 декември во Милано. Министерскиот совет е централно тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок претставува можност министрите за надворешни работи на 57 земји членки на ОБСЕ да ја согледаат и проценат безбедносната ситуација на евроатланското и евроазиското подрачје, како и активности на организацијата во сите нејзини области на делување.