свет

Западна Сахара, јазол на северниот дел на Африка

- Во Женева вчера започна „тркалезната маса“, во рамките на барање решение за прашањето за Западна Сахара, со посредство на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Западна Сахара, Хорст Кохлер

Enes Canlı  | 06.12.2018 - Обновена : 10.12.2018
Западна Сахара, јазол на северниот дел на Африка

Ankara

АНКАРА (АА) - По шестгодишната пауза, во Женева повторно започнаа преговорите меѓу Мароко и Фронтот Полисарио околу решавањето на долгогодишното прашање за Западна Африка, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Женева вчера започна „тркалезната маса“, во рамките на барање решение за прашањето за Западна Сахара, со посредство на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Западна Сахара, Хорст Кохлер.

На преговорите во Кабинетот на ОН во Женева учествуваат Мароко, Фронтот Полисарио, Алжир и Мавританија. Прашањето за Западна Африка е актуелно од 1975 година, а станува збор за први преговори меѓу Мароко и Фронтот Полисарио по 6 години.


- Историјата на народот на Западна Сахара

На подрачјето на Западна Сахара од почетокот на 10 век пристигнуваше муслиманското население од Арапскиот Полуостров. Сѐ до окупацијата на Франција и Шпанија, со овој регион владееја локалните владетели под Кралството Мароко.

Регионот во 1884 година падна под шпанска управа, а локалното население тогаш е наречено со името Сахарчи, по најголемата светска пустина Сахара.

Шпанија, освен Западна Сахара, ги колонизираше и деловите на северно Мароко, а во 1934 година прогласи своја сопствена покраина под називот Шпанска Сахара.


- Бунт против колонијата

Бунтот против шпанските колонии започна во 1970 година, а 3 години подоцна, Мустафа Сајед го формираше Фронтот Полисарио, со што започна новата ера.

Влијанието на Полисарио растеше постепено во Западна Сахара и сѐ повеќе борци му се придружуваа. Во јуни 1975 година, мисијата на ОН ја посети колонијата и заклучи дека постои „сеопфатен консензус“ меѓу населението за независност на колонијата.


- Референдум, наместо независност

По одлуката на Меѓународниот суд за правда, Шпанија предложи во регионот да се спроведе референдум и се изјасни дека ќе се придржува до неговиот резултат. По одлуката за референдумот, тогашниот марокански крал Хасан II издаде наредба за Зелен марш, што доведе до влез на стотици илјади Мароканци во регионот.

Владата на Шпанија потоа се откажа од референдумот и во 1975 година одлучи да се повлече од Западна Сахара, па на 14 ноември потпиша Мадридски договор со Мароко и Мавританија, според кој, Мароко до 1976 година требаше да преземе контрола над Сагија ел Хамра, а Мавританија над Рио де Оро. Водачите на Полисарио не се согласија со одлуката на шпанската Влада, па на 27 февруари 1976 година ја прогласија Сахарската Арапска Демократска Република (SADR) и ја продолжија вооружената борба за независност на Западна Сахара, сега против Мароко и Мавританија.


- Примирје под надзор на ОН

Полисарио и Мароко на 6. септември 1991 година потпишаа Мировен договор, кој предвидуваше референдум за независност, кој требаше да се одржи наредната година. Со Резолуцијата 690 на Советот за безбедност на ОН во април 1991 година, основана е Мисијата на ОН за референдумот во Западна Сахара (MINURSO).

Меѓутоа, имаше несогласувања околу правото на глас и сите напори повторно да започне процесот, пропаднаа. Така референдумот за независност на Западна Сахара од Мароко сѐ уште не е одржан.

Владата на Мароко е при ставот дека на референдумот треба да имаат право на глас сите 600.000 жители на Западна Сахара, вклучувајќи и 100.000 под контрола на Фронтот Полисарио. Од друга страна, Фронтот е против тоа на референдумот да учествуваат Мароканците кои го населиле и регионот на Сахара.


- ОН не признаваат независност

Демократската Арапска Република Сахара (DARS), иако е земја признаена од Африканската Унија, ОН сѐ уште не ја признаа.

Според податоците на Демократската Арапска Република Сахара, Владата на оваа земја ја признаваат 45 земји на африканскиот и јужноамериканскиот континент, додека податоците на официјално Мароко покажуваат дека Демократската Арапска Република Сахара е признаена од 34 земји во светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.