Medin Halilovic
11 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
НОВИ ПАЗАР (АА) - Претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) Сулејман Угљанин, за време на посетата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на тоа претставничко тело на Бошњаците во Србија, рече дека посетата на Ердоган претставува голема чест за граѓаните на Санџак и Бошњаците во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Угљанин по свечениот дочек на турскиот претседател пред главната канцеларија на БНС во Нови Пазар, за време на состанокот на кој, покрај претставници на советот и општините на Санџак, присуствуваа и министрите во Владата на Република Турција, ги запозна гостите од Анкара за работата и овластувањата на БНС.
Наведувајќи дека „Бошњаците во Санџак се гордеат со европско потекло, исламската припадност и тесно се поврзани со бошњачкиот и санџакчкиот регионален идентитет", Угљанин истакна дека очекува ЕУ и Србија трајно да го решат статусот на Санџак и бошњачкиот народ.
„Бошњаците од Санџак жиеват европски, европски размислуваат, европски работат и активно се вклучени во сите европски и евро-атланската интеграции и затоа со право се очекува од Србија и Европската унија (ЕУ), дека низ процесот на евроинтеграција на Србија, преку соработката на Србија со Босна и Херцеговина и дијалог на Србите и Бошњаците трајно ќе се реши статусот на Санџак и статусот на бошњачкиот народ кој е автохтон во Санџак, а во Србија е малцинство", рече Угљанин.
Тој во своето обраќање пред високите функционери на Република Турција, истакна дека БНС има планови да воспостави образовни институции на сите нивоа, културни институции и подобрување и одржување на националниот идентитет на Бошњаците, и создавање на информативни гласила на босански и турски јазик, но исто така истака дека е потребно да се најдат извори за финансирање на сето тоа.
Претседателот на БНС го повтори ставот дека бројната санџачка дијаспора во Србија претставува мост за соработка меѓу Србија и Турција и изрази очекување дека, како што подвлече, санџачката дијаспора која е во Република Турција има постигнато голем успех во економијата и ќе ги искористи предностите на сите бенефиции од добрата меѓудржавна соработка помеѓу Србија и Турција и ќе најде интерес да инвестира во проекти за развој на Санџак.
„Во оваа смисла, ние сме задоволни од фактот дека меѓудржавните односи меѓу Србија и Турција достигнаа највисоко ниво во историјата. Благодарение на вас, господине претседателе, и вашите соработници, Република Турција стана модерна и развиена земја. Бошњаците од Санџак се национално свесни и политички зрели и од 1990 година, кога почна распадот на Југославија, учествуваа во сите мировни процеси", рече Угљанин, обраќајќи се на турскиот претседател.
Пред главната канцеларија на БНС се собраа голем број на граѓани кои со аплауз го поздравија претседателот Ердоган.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган е во дводневна официјална посета на Србија и престојуваше во Нови Пазар. Ова е негова втора посета на Нови Пазар и Санџак. Ердоган е првиот турски премиер од нејзиното основање, кој го посети Санџак во јули 2010 година.