Dzihat Aliju
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) денес во Скопје организираше програма за 15 јули – Победа на демократијата и комеморација за загинатите херои, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа програма учествуваа министерот без ресор во Владата на Македонија, Аднан Ќахил, Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, пратеници, преставниците на турските институции и здруженија во земјата, голем број бизнисмени како и поканети гости.
Програмата започна со едноминутен молк во знак на сеќавање на жртвите, како и интонирање на химните на двете земји.
Министерот Ќахил во своето обраќање пред присутните истакна дека со повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на обидот за државен удар изведен на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО, народот станал против оние кои сакале да ја поделат Турција.
Ќахил нагласи дека само народот е тој кој го дава легитимитетот, и само народот може да го земе.Тој додаде дека ова е негово лично мислење, мислење на владата што тој ја претставува, како и на сите граѓани во Македонија.
Министерот вели дека сеуште постојат лица кои сакаат да ја дестабилизираат Турција.
„Ваквите организации се наоѓаат меѓу нас, надвор од нашата земја и во Турција, организации кои повотрно сакаат да бидат активни и бараат можности за да ја дестабилизираат Турција. Затоа ваквите активности се можност да бидеме поблиски едни со други“, рече Ќахил, истакнувајќи дека тие немаат лични интереси, туку нивните лични интереси се јакнењето на Турција.
Од друга страна амбасадорката Кара истакна дека 15 јули е „Национален ден на жалост“, и дека тероризмот нема ниту религија, ниту јазик, ниту раса.
„Ние во Турција 40 години се бориме против тероризам. ПКК, ДЕАШ, ФЕТО, овие почнаа да се појават во последно време, овие се терористички организации кои се движат заедно. Тие имаат една заедничка цел“ истакна Кара, нагласувајќи дека нивната цел е Турција, да ја заземат контролата на земјата и да прават што ќе посакаат.
Турската амбасадорка пренесе дека веќе осум месеци се наоѓа во Македонија, и како резултат на истражувањата, како што рече таа, откриле дека постојат училишта и медиумски институции во земјата.
Кара вели дека овие предавници кои денес се против Турција, утре можат истото да го прават во Македонија, и повика за да ги спречат нив.
„Дојдете сите заедно да им кажеме 'доста' на милитантите образовани во нивните училишта. Сакам да апелирам до мајките и татковците, секоа запишување таму, утре ќе ви се врати како еден милитан во вашата земјаж ќе се врати како еден терорист, да не дозволуваме на тоа“ нагласи Кара, истакнувајќи дека тие имаа голем број училишта во повеќе земји. Таа додеде дека преку овие училишта тие се инфлилтрираат во земјите, се сместуваат таму, и го заземаат управувањето. Како што рече Кара, нивната крајна цел е да ја заземат управата и државата.
Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски нагласи дека секогаш ќе биде до Македонија и братската земја Турција.
Адемоски потсети дека еден од загинатите херои на 15 јули, Ерол Олчок бил член на МАТТО.
„Петнаесетти јули кај нас има уште едно болно сеќавање. И тоа е датумот кога пред една година го загубивме нашиот пријател, брат и колега, истовемено и член на МАТТО, Ерол Олчок. Можеби терористите на ФЕТО го убија Ерол, но никогаш не ќе можат да го убијат братството меѓу Македонија и Турција. Напротив, ќе продолжи нашата економска и пријателска соработка“, додаде Адемоски.