Балкан

„Жељава“: Грандиозно југословенско воено здание препуштено на заборавот

Последниот авион на „Жељава“ за последен пат слетал во мај 1992 година, и останал во овој воен комплекс како споменик и сведок за некогаш најголемиот и најмодерен аеродром

Emre Baştuğ  | 14.07.2018 - Обновена : 15.07.2018
„Жељава“: Грандиозно југословенско воено здание препуштено на заборавот

Bihac

БИХАЌ (AA) - ЕМРЕ БАШТУГ –

Некогаш една од најголемите и најмодерни воени бази и аеродроми во Европа, „Жељава“, денеска е напуштен и девастиран комплекс кој е препуштен на заборавот, и сè повеќе наликува на сценографија за филмови за апокалипса, јавува Anadolu Agency (AA).

„Жељава“ е воен комплекс, изграден во средината на минатиот век во подножјето на планината Пљешевица, во близина на Бихаќ, во пограничното подрачје помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска.

Грандиозниот комплекс „Жељава“, со службен назив Објект „505“, а попознат и како  „Бихаќски аеродром" е зграда со пет полетно-слетни писти, три подземни галерии и 3,5 километри долги тунели.

Практично, малиот град во утробата на Пљешевица, изграден е на начин да служи и како атомско засолниште во кое постоеле сите услови за живот без контакт со надворешниот свет и до еден месец.

Комплексот „Жељава“ го минираше и уништи поранешната Југословенска народна армија (ЈНА), за време на повлекувањето на почетокот на војната во Хрватска и БиХ во 1992 година.

Последниот авион на „Жељава“ за последен пат слетал во мај 1992 година, и останал во овој воен комплекс како споменик и сведок за некогаш најголемиот и најмодерен авион.

Најсовремените радарски системи, заштитени комуникациски линии, метеоролошки уреди и енергетски постројки биле инсталирани во стратешки важниот комплекс на поранешна Југославија, кој е уништен од забот на времето и чека договор помеѓу властите на БиХ и Хрватска за неговата судбина.

Еден од околу илјада воени лица кои служеле во Жељава е и пилот-мајорот на поранешна ЈНА, Санудин Јашаревиќ, кој овој комплекс го посетил неодамна, првпат по 1991 година.

Јашаревиќ, по 27 години ја посетил својата канцеларија и тунели на Жељава, кои, како што рече, се девастирани до непрепознатливост.

„Градењето на воената база започна во периодот на Студената војна, во 1957 година и траеше до 1968 година, кога аеродромот влезе во оперативна употреба. Градењето траеше 11 години, а се спомнуваат некои огромни средства во оваа насока“, рече Јашаревиќ.

Истакна дека тоа бил период во кој Варшавскиот пакт и НАТО се обидувале да ја задржат моќта.

„Моќта на Југославија беше многу позната. Ние бевме четврта армија по сила во Европа. Е, сега, што е воена тајна, тоа е релативно“, рече Јашаревиќ, и додаде дека во строга тајност се чувале податоците за бројот на авионите, вооружувањето и опременоста на војниците, во рамките на стратешки многу важниот објект.

Различни извори наведуваат дека во изградбата на Објектот „505“ се потрошени помеѓу 5 и 11 милијарди долари, а на некогашниот раскош денеска потсетуваат напуштените урнатини, минските полиња, зараснатите писти и насобраните камења пред влезните тунели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın