Балкан

„Дискриминацијата и проблемите на Ромите се политичко прашање"

„Наместо дискриминација и исклучување или исклученост да применува толеранција и инклузија. Заеднички треба да покажеме подготвеност и со учество на ромската заедница да ја промениме нивната состојба“, рече Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Husamedin Gina  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
„Дискриминацијата и проблемите на Ромите се политичко прашање" (Foto: Husamedin Gina/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Нивото на свест за препознавање и заштита од дискриминација сѐ уште е ниско. Добар дел од граѓаните не се ни свесни дека се директно или индиректно дискриминирани, а недоверба постои и кон институциите и органите надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат. Ова се само дел од заклучоците од реализацијата на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“, одржан во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

На завршната конференција „Без разлики“ се обрати и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој истакна дека задачата и обврските за градење едно општество за сите останува највисоко на агендата на Владата.

„Овој проект завршува, но за нас, членовите на Владата, за владините институции, комисиите и агенциите, ова е само уште еден поттик, уште една дополнителна мотивација сите ние заедно, вклучувајќи ги останатите засегнати од прашањата на кој укажуваат проектот и резултатите од истражувањато, со уште поголема посветеност и енергија да се фокусираме на најдобрите одговори на овие прашања којшто самиот извештај ги тангира“, нагласи Заев.

Извршниот директор на Национален ромски центар, Ашмет Елезовски, истакна дека со проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“ се направи една успешна провокација за започнување на процесите за намалување на дискриминацијата и дека на завршната конференција се обидуваат да најдеме заеднички, превентивен лек.

„Дискриминацијата не е прашање секојдневно. Дискриминацијата и процесите и проблемите на Ромите се политичко прашање, ова не е игра, ова е прашање кон кое треба најсоодветно да се пристапи“, истакна Елезовски, наведувајќи дека тие не се дискриминирани, туку има луѓе кои ги дискриминираат.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, изјави дека гарантирањето на правото на еднаквост и сузбивањето на дискриминацијата претставува највисок стандард во корпусот на основните слободи и права на човекот.

„Наместо дискриминација и исклучување или исклученост да применува толеранција и инклузија. Заеднички треба да покажеме подготвеност и со учество на ромската заедница да ја промениме нивната состојба“, рече Мемети.

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, истакна дека проблемот со кој се соочуваат Ромите е комплексен и затоа ни треба интегративен пристап на државните политики, вклучувајќи ги и локалните авторитети, за да се постигнат позитивни промени.

На завршната конференција учествуваа и пратениците Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, кои истакнаа дека се подготвени на секој начин да помогнат во проблемот со дискриминацијата со кој се соочуваат децата Роми.

Најчестите проблеми кај Ромите на тема дискриминација се поврзани за матичната евиденција, но тие повлекуваат проблеми со социјалната и со здравствената заштита, образованието, домувањето и со други сфери на живеење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.