Admir Fazlagic
20 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од Локалните избори што се одржаа на 15. октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната изборна комисија информираше дека седницата завршила утрово и дека се одбиени сите приговори.
До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и Трајно македонско радикално обединување (ТМРО), Алијансата на Албанците и Левица.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.
Инаку, вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.