Израел ќе ги интензивира преговорите за нормализација со пет арапски земји
„По претседателските избори во САД, ќе ги интензивираме преговорите за постигнување договор за нормализирање на односите и со Саудиска Арабија, Оман, Катар, Нигер и Мароко“, рече министерот Коен

Министерот за разузнавање на Израел, Ели Коен, изјави дека по претседателските избори што ќе се одржат на 3 ноември во САД, ќе ги интензивираат преговорите, со цел да постигнат договор за нормализирање на односите со уште 5 арапски земји, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија и Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коен во изјава за израелската телевизија „Канал 12“ говореше за постигнувањето договори за нормализирање на односите на Тел Авив со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Судан.
Тој нагласи дека продолжуваат иницијативите за нормализирање и со другите арапски земји.
„По претседателските избори во САД, ќе ги интензивираме преговорите за постигнување договор за нормализирање на односите и со Саудиска Арабија, Оман, Катар, Нигер и Мароко“, рече тој.
Инаку, Израел на 15 септември во Белата куќа постигна договор за нормализирање на односите со ОАЕ и Бахреин.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 23 октомври нагласи дека исто и Судан постигнал договор за нормализирање на односите со Израел.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.