Македонија и Грција го потпишаа Договорот за решавање на спорот за името
27.12.2018

ПРЕСПА (АА) - Владите на Република Македонија и Република Грција, денеска на грчката страна на Преспанското Езеро го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој Република Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија. (Ayhan Mehmet - Anadolu Agency)

Македонскиот Парламент го усвои законот за употреба на јазиците
Fotoğraf: Vedat Abdul

СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Македонија со 69 гласа „за“, без ниту еден глас против, ниту воздржан, го донесе Законот за употреба на јазиците. ( Ведат Абдул - Anadolu Agency)

 Столтенберг: „Подготвени сме да ја примиме Македонија како 30. членка на НАТО“
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Македонија, рече дека НАТО е подготвено да ја прими Македонија како 30. членка на Алијансата, но додаде дека за тоа ќе мора да одлучи народот на референдумот на 30 септември. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

 Столтенберг: „Подготвени сме да ја примиме Македонија како 30. членка на НАТО“
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Македонија, рече дека НАТО е подготвено да ја прими Македонија како 30. членка на Алијансата, но додаде дека за тоа ќе мора да одлучи народот на референдумот на 30 септември. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Столтенберг: „Подготвени сме да ја примиме Македонија како 30. членка на НАТО“
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Македонија, рече дека НАТО е подготвено да ја прими Македонија како 30. членка на Алијансата, но додаде дека за тоа ќе мора да одлучи народот на референдумот на 30 септември. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Германската канцеларка Меркел во посета на Македонија
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, која престојува во посета на Република Македонија, на платото пред Владата беше пречекана со свечена церемонија од страна на премиерот Зоран Заев. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Могерини во Скопје: Не молчете на 30 септември
Fotoğraf: Bekim Laci

СКОПЈЕ (АА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини која денеска престојува во Скопје упати апел до граѓаните на Македонија дека нивниот глас на претстојниот референдум на 30 септември е клучен за Европската унија. ( Bekim Laci - Anadolu Agency )

Иванов: Македонија нема отворени териториални и гранични прашања
Fotoğraf: Vedat Abdul

СКОПЈЕ (АА) - По состанокот на лидерите на земјите членки на Процесот Брдо-Бриони, кој годинава се одржа во Скопје, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја повика Европската унија да „овозможи паралелно одвивање на преговорите за членство и надминување на билатералните разлики меѓу Македонија и Грција”, ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Почесна артилериска средба по повод Денот на независноста на Македонија
Fotoğraf: Besar Ademi

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, во касарната „Илинден“ во Скопје, беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на АРМ. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Започна карневалот во Македонија со традиција од 1.400 години
Fotoğraf: Vedat Abdul

ВЕВЧАНИ (АА) - Во општина Вевчани официјално отворен „Вевчанскиот карневал“ , која се смета за еден од најголемите културни куриозитети во Македонија со традиција од над 1.400 години. (Ведат Абдул - Anadolu Agency)

Македонија: Опозиција одржа народен собир пред Владата и побара предвремени избори
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата на Република Македонија одржа народен митинг со кој искажа незадоволство од политиките на актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски побара одржување на предвемени парламентарни избори заедно со претседателските ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Невреме во Скопје: Паднати дрвја, оштетени автомобили, поплавени улици
Fotoğraf: Furkan Abdula

СКОПЈЕ (АА) - Кратка, но поројна бура со ветрови од над 80 км/ч го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило. ( Furkan Abdula - Anadolu Agency )

Лига на нации: Македонија со убедлива победа против Лихтенштајн
Fotoğraf: BUNJAMIN KURTISHI

СКОПЈЕ (АА) - Во третиот натпревар од Лигата на нации, репрезентацијата на Македонија ја постигна и третата победа. Вечерва во Скопје беше совладана репрезентацијата на Лихтенштајн со резултат 4:1. ( BUNJAMIN KURTISHI - Anadolu Agency )

Ескалираа протестите во Скопје: Солзавец и шок бомби пред Собрание
Fotoğraf: Admir Fazlagikj

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа протест пред Собранието на Република Македонија, на кои граѓаните го изразија своето незадоволство поради Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство ( Admir Fazlagikj - Anadolu Agency )

На турнирот за пеливани во Студеничани победи Устаоглу од Турција
Fotoğraf: Furkan Abdula

СКОПЈЕ (АА) - Во скопско Студеничани со учество на повеќе од 100 борачи-пеливани од Македонија, Турција, Албанија, Бугарија, Косово и Грција. под наслов „Традицијата продолжува“ се одржа 8. Етно-фест турнир за пеливани. ( Furkan Abdula - Anadolu Agency )

Бела ноќ во Скопје
Fotoğraf: Admir Fazlagikj

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва се одржува 14. манифестација Бела ноќ која нуди голем број настани од културата: концерти, изложби, читање поезија, театарски претстави, филмски маратон. ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )

Бела ноќ во Скопје
Fotoğraf: Admir Fazlagikj

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва се одржува 14. манифестација Бела ноќ која нуди голем број настани од културата: концерти, изложби, читање поезија, театарски претстави, филмски маратон. ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )

Православните христијани ги одбележуваат велигденеските празници
Fotoğraf: Admir Fazlagikj

СКОПЈЕ (АА) - Православните верници денес го одбележуваат Велики Петок, со што започнува одбележувањето на велигденските празници ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )

Приказна на двајца млади од Турција: Преку патувања и музика во „потрага по себеси"
Fotoğraf: Vedat Abdul

СКОПЈЕ (АА) - Две млади лица од Турција кои пеат етно-музика во Старата скопска чаршија, велат дека се во потрага по знаење на патот на кој пошле за да ги достигнат нивните идеали. ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Протести во Скопје, се бара правда за случајот со малиот Алмир
Fotoğraf: Vedat Abdul

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани се собраа денеска пред Владата на Република Македонија во Скопје во знак на протест, како што велат, кон „трулата правда, која пред очите на јавноста, убиството на малиот Алмир го преквалификуваше во сообраќајна несреќа“.

Лимитирани серии на ексклузивни автомобили во центарот на Скопје
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Над 40 лимитирани серии на моќни и спортски автомобили, во рамките на шестата сезона на „Премиум рели Софија - Свети Влас“ (Premium Rally Sofia - Saint Vlas), застанаа во Скопје каде што љубителите на автомобилите можеа одблизу да ги видат и да се фотографираат со нив. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Протест во Скопје против промена на името на државата
Fotoğraf: Vedat Abdul

Илјадници граѓани, во организација на неколку движења и организации, на плоштадот „Македонија“ протестираа против промена на името на државата, истовремено барајќи прекин на разговорите за името со Грција. (Vedat Abdul - Anadolu Agency)

Скопје: Уличните уметници го привлекоа вниманието на случајните минувачи
Fotoğraf: Admir Fazlagikj

СКОПЈЕ (АА) - Улични уметници од Македонија, Англија, Холандија и Австралија вечерва на градскиот плоштад во Скопје со нивните креативни уметнички настапи го привлекоа вниманието на минувачите кои ги следеа со воодушевување. ( Admir Fazlagikj - Агенција Анадолија )

Во Скопје одбележана глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“
Fotoğraf: Vedat Abdul

Со гаснење на светилките на локациите во централното градско подрачје во Скопје, вечерва беше одбележана голбалната еколошка акција „Час на планетата Земја“.

Во Скопје започна јубилејното 30. издание на Саемот на книгата
Fotoğraf: Admir Fazlagic

СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни љубители на пишаниот збор, претставници на дипломатскиот кор во земјата и владини претставници, вечерва во Скопје во ВИП арената „Борис Трајковски" беше официјално отворено јубилејното 30. издание на Саемот на книгата кое ќе трае до 9 мај оваа година. ( Admir Fazlagic - Anadolu Agency )

Ансамблот „Анадолу Атеши“ ја воодушеви публиката од Скопје
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Една од најдобрите играорни групи во светот, која влезе во Гинисовата книга на рекорди, „Анадолу Атеши“ ги воодушеви граѓаните на Скопје со своите фолклорни изведби синтезирани со танци од Анатолија, балет и современи танци. (Besar Ademi - Anadolu Agency)

Во Скопје се организираше специјална ифтарска програма за деца
Fotoğraf: Vedat Abdul

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје за прв пат се одржа ифтарска програма за деца.Пред ифтарот кој се одржа во градината на Мустафа пашината џамија во Скопје, децата имаа прилика да се забавуваат во рамките на пригодната програма. ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Продолжуваат двојните стандарди за Чарши џамијата во Прилеп
Fotoğraf: Bunjamin Kurtishi

Историската Чарши џамија во Прилеп, којашто беше оштетена за време на етничките конфликти во 2001 година, се соочува со можност целосно да пропадне поради негрижа. (Bunjamin Kurtishi - Anadolu Agency)

„Ромите најдобро се изразуваат преку музиката“
Fotoğraf: Admir Fazlagic

СКОПЈЕ (АА) – Бајса Арифовска, мултиинструменталистката, македонски музичак и претставник на новата генерација на ромски и македонски музичари, која свири на преку 15 музички инструменти во разговор за Anadolu Agency (AA) зборува за љубовта кон традиционалната музика, нејзината кариера, како и за значењето на музиката во животот на Ромите. ( Admir Fazlagic - Anadolu Agency )

Мостот „Елен Скок“ чека да биде откриен од посетителите
Fotoğraf: Vedat Abdul

ДЕБАР (АА) - Историскиот мост „Елен Скок“, кој се наоѓа во селото Могорче, дебарско, чека да биде откриен од посетителите. Мостот кој се наоѓа на Мала Река, му пркоси на времето уште од неговата изградба. ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Скопје: Ифтар во организација на Општина Бурса и хуманитарната организација Ел Хилал
Fotoğraf: Vedat Abdul

Во Старата скопска чаршија се одржа ифтарско дружење во организација на Општина Бурса и хуманитарната организација Ел Хилал ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Занаетчија од Скопје на својата работилница учи за Куранот
Fotoğraf: Furkan Abdula

Неџмедин Буши, занаетчија од Скопје, кој во својата работилница ги подучува учениците на Куран, вели дека ова е негова втора професија. ( Furkan Abdula - Anadolu Agency )

Во Скопје отворена изложбата „Стари ракописи од светиот Куран"
Fotoğraf: Besar Ademi

Во објектот Чифте Хамам во Старата скопска чаршија отворена р изложбата „Стари ракописи од Светиот Куран", калиграфијата од османлискот период пронајдена во албанските градови на Балканот ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Стопанските комори на Македонија и Косово со апел за поскоро завршување на автопатот
Fotoğraf: Besar Ademi

КАЧАНИК (АА) - Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, од излезот на делот кој е веќе завршен на автопатот што ги поврзува Приштина и Скопје, известија дека на крајот на годината делот на овој автопат на косовската страна ќе заврши, и апелираа до Владата на Република Македонија „што е можно поскоро да го заврши својот дел“. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Приштина: Институтот Јунус Емре и КФОР отворија изложба на фотографии на членовите на Фотографскиот клуб
Fotoğraf: Erkin Keçi

ПРИШТИНА (AA) - Институтот Јунус Емре во соработка со Претседателството на турскиот совет на КФОР, ја отвори изложбата на фотографии на членовите на Фотографскиот клуб.

Во Приштина одржан државен прием по повод формирање на Војската на Косово
Fotoğraf: Erkin Keçi

ПРИШТИНА (АА) - По повод усвоениот пакет закони за трансформација на Косовоските безбедносни сили во Војска на Косово, одржан е државен прием. ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Во Националната галерија на Македонија се отвори изложбата „Јас сум Албанец”
Fotoğraf: Besar Ademi

СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Националниот историски музеј на Албанија, Националната галерија на Македонија и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, во просториите на Националната галерија на Македонија е отворена изложбата посветена на албанската дијаспора низ вековите, под наслов „Јас сум Албанец”. ( Besar Ademi - Anadolu Agency )

Косово: Фрлен солзавeц во Собранието пред гласањето за демаркацијата
Fotoğraf: Erkin Keçi

Пратениците од Движењето „Самоопределување“ повторно фрлија солзавец во косовското Собрание за да не се гласа за демаркацијата со Црна Гора.

Зајакнато присуство на КФОР во Северна Митровица
Fotoğraf: Saša Dordevic

Додека во Собранието на Косово се гласаше за пакет закони за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, во Северна Митровица е зајакнато присуството на силите на КФОР ( Saša Dordevic - Anadolu Agency )

Собранието на Косово ги изгласа нацрт законите за трансформација на КБС во Армија
Fotoğraf: Erkin Keçi

Косовското собрание со апсолутно мнозинство одобри три нацрт-закони за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во Армија. ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Отворен Центар за иновации и претприемништво на Приштинскиот универзитет
Fotoğraf: Erkin Keçi

ПРИШТИНА (АА) - Министерството за иновации и претприемништво на Косово и Машинскиот факултет на Приштинскиот универзитет го отворија Центарот за иновации и претприемништво. ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Косовската полиција го уапси Марко Ѓуриќ
Fotoğraf: Haris Alija

ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција во Северна Митровица го уапси шефот на Канцеларија за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, после што тој беше донесен во полициска станица во Приштина ( Haris Alija - Anadolu Agency )

Вучиќ во Косово: „Се залагам за зачувување на мирот и стабилноста“
Fotoğraf: Sasa Djordjevic

ПРИШТИНА (АА) - „Езерото и хидроелектраната Газивода се од огромно значење за Србите и Албанците и најдобро ја покажуваат длабочината на нашите спорови“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. ( Sasa Djordjevic - Anadolu Agency )

Лигата на нации: Косово со победа против Фарските Острови
Fotoğraf: Erkin Keçi

ПРИШТИНА (AA) - Во рамките на наптреварувањата во Лигата на нациите, фудбалската репрезетнација на садионот Фадил Вокри ја совлада репрезентацијата на Фарските острови. ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Приштина, оддадена почит кон Фадил Вокри
Fotoğraf: Erkin Keçi

Во Косово, денес е ден на жалост во чест на починатиот поранешен фудбалер Фадил Вокри, кој беше претседател на Фудбалската федерација на Косово. ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Одбележување на празникот Курбан Бајрам (Призрен)
Fotoğraf: Eren Beksaç

Муслиманските верници во Призрен, присуствуваа на молитвата по повод празникот Курбан Бајрам, кој е еден од најголемите муслимански празници. ( Eren Beksaç - Anadolu Agency )

Призрен, музеј на османлиското наследство под отворено небо
Fotoğraf: Sibel Vezaj

Градот Призрен, кој се наоѓа во југозападниот дел на Косово, има површина од 640 квадратни километри, познат е по вредностите на културното наследство, цивилизациите и различните религии. Џамијата на Синан паша е една од најпознатите џамии од над 30-те во овој град. (Sibel Vezaj - Anadolu Agency)

Рита Ора одржа спектакуларен концерт во Приштина
Fotoğraf: Olsi Shehu

ПРИШТИНА (АА) – Прославата по повод 10. годишнина од независноста на Косово се претвори во вистински спектакл со настап на светски познатата пејачка Рита Ора која вечерва настапи во Приштина пред десетици илјади присутни гости од земјата и регионот. ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Во Косово одбележан Денот на Европа
Fotoğraf: Erkin Keçi

Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово организираше разни активности за денот на Денот на Европа - 9 мај, вклучувајќи и сликарски активности за деца. (Foto: Erkin Keci/ Anadolu Agency)

Во Скопје одбележан 23 Април, Денот на детето
Fotoğraf: Furkan Abdula

По повод 23-ти Април, Денот на националниот суверенитет и Денот на детето во Турција, во Основното училиште на турски јазик „Тефејуз“ во Скопје беше организиран панаѓур.

Во Косово одржан Меѓународниот полумаратон "Приштина 2018"
Fotoğraf: Erkin Keçi

Во Косово одржан Меѓународниот полумаратон "Приштина 2018" ( Erkin Keçi - Anadolu Agency )

Замокот во Призрен - косовскиот туристички и историски бисер
Fotoğraf: Haris Alija

Призренскиот замок лежи на површина од еден хектар и половина, а од него како на дланка може да се види целиот Призрен и неговата околина. Ѕидовите на тврдината лежат во правец север-југ, додека во внатрешноста се конструирани различни простории и подземни коридори, од кои едниот води кон изворот на реката Лимбарди. (Харис Алија - Anadolu Agency)

Студентски протести во Албанија
Fotoğraf: Olsi Shehu

Студентите на државните универзитети во Тирана продолжија со протести да се спротивставуваатт на надоместокот за повторорување на испити, како и за студентските такси ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Студентски протести во Албанија
Fotoğraf: Olsi Shehu

Студентите од државните универзитет во Тирана протестираат против надоместоците со кои се зголемуваат трошоците за студирање на државните универзитети ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Отворен Mеѓународниот саем во Тирана
Fotoğraf: Fatjon Cuka

Отворено е 25-то издание на Меѓународниот саем во Тирана, каде учествуваат национални и меѓународни компании од различни профили, вклучително и од Турција. ( Fatjon Cuka - Anadolu Agency )

Тензии на протестот пред Општина Тирана
Fotoğraf: Olsi Shehu

Тензии настанаа на протестите на група граѓани на Тирана кои протестираат и се протива на проектот за уривање на нивните станови ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

„Гастрономијата е дипломатија"
Fotoğraf: Olsi Shehu

Ебу Бајбара Демир, која е познат турски гастроном рече дека гастрономијата е всушност дипломатија и важна сила. Демир ја посети Албанија на покана на амбасадорот на Турција во Тирана, Мурат Ахмет Ирук, по повод одбележувањето на 95-годишнината од основањето на Република Турција ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Протест на опозицијата во Тирана, судир меѓу полицијата и демонстрантите
Fotoğraf: Olsi Shehu

Опозициските партии одржаа протест во Тирана, повикувајќи го албанскиот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај да поднесе оставка. За време протестот имаше и инциденти, при што имаше и повредени. ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Тензија пред судска одлука за притворените лица во Кукеш
Fotoğraf: Olsi Shehu

Семејствата на задржаните лица, како и граѓаните кои ги поддржуваати кои се противат на надоместоците за "Народниот пат", протестираа пред просториите на Основниот суд во Тирана, барајќи нивно ослободување. ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Католичките верници го слават празникот Велигден во Тирана
Fotoğraf: Olsi Shehu

Католичките верници го слават празникот Велигден. Верниците се собраа заедно на миса во катедралата Свети Павле во Тирана. ( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

Албанија: Протести против надоместоци за превоз на возилата на Народниот пат
Fotoğraf: Olsi Shehu

Жителите на Кукес и на околните области протестираа на Народниот пат, изразувајќи незадоволство поради надоместокот за превоз на возила.( Olsi Shehu - Anadolu Agency )

ТИКА ќе реставрира пет споменици од османлискиот период во Албанија
Fotoğraf: Olsi Shehu

ТИРАНА / БЕРАТ / ГИРОКАСТРО- Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) започна со активностите за реставрација на пет споменици од османлискиот период во Албанија. На фотографијата: Џамијата во Берат (Olsi Shehu - Anadolu Agency)

Снежни врнежи во Македонија, Албанија и Косово
Fotoğraf: Vedat Abdul

Студено време во Македонија, Албанија и Косово придружено со снежни врнежи. Како резултат на снежните врнежи забележан е пад на температурите. Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија најави снежни врнежи во наредните денови. (Ведат Абдул -Anadolu Agency )

Прослава на Нова Година во Тирана
Fotoğraf: Olsi Shehu

ТИРАНА (АА) - Жителите на главниот град на Албанија, Тирана, но и во други градови во земјата, на плоштадите ја дочекаа новата година. Традиционално, на плоштадот во Тирана, атмосферата беше надополнета со огномет. (Olsi Shehu - Агенција Анадолу)

instagram_banner

Од Турција, од светот, од небо, од копно, најмоќните фотографии од самото место на настаните на нашиот Instagram профил. Следете нѐ

Најнови