Полска: 8.122 музичари го соборија светскиот рекорд во свирење гитара
ВРОЦЛАВ (АА) - Илјадници гитаристи се собраа во Вроцлав, Полска, за да го соборат Гинисовиот рекорд истовремено свирејќи ја песната „Хеј Џо (Hey Joe)“ на Џими Хендрикс. 8.122 гитаристи заедно свиреа на историскиот плоштад во Вроцлав. Станува збор за традиционалниот „Фестивал благодарам Џими“ кој се одржува секоја година на 1 мај во чест на музичкото наследство на Хендрикс и ги обединува гитаристите од целиот свет. Новиот рекорд го надмина претходниот поставен во 2009 година, кога 6.346 музичари ја свиреа песната на истото место.