Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
31.12.2024

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / ГАЗА - ЈАНУАРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата на лева страна, направена на 1 јануари 2024 година, се гледа огномет кој го осветлува Лондонското око над реката Темза, за прославата на Новата година во Велика Британија. Во потполн контраст, на фотографијата од десната страна, направена на 20 јануари 2024 година, се гледаат ракетите испукани од израелските сили кои ја осветлуваат ноќта над Деир ал-Балах во Газа. ( Raşid Necati Aslım, Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Sefa Karacan; Belal Khaled

РУСИЈА / ГАЗА - ФЕВРУАРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата на лева страна, направена на 14 февруари оваа година во Москва, по повод Денот на вљубените, се гледаат повеќе од 55.000 балони пуштени во воздух. На фотографијата од десната страна, направена на 29 февруари 2024 година, се гледаат палестинските деца кои бараат засолниште во регионот Тел ал-Султан поради израелските напади, украсувајќи ги своите шатори со рамазански лампиони и светла како подготовка за Рамазан, светиот месец за муслиманите. ( Sefa Karacan, Belal Khaled - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Peter Zay; Ashraf Amra

САД / ГАЗА - МАРТ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата од лева страна, направена на 26 март 2024 година е прикажан американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис со насмевки на лицата. Од десната страна е фотографија од 21 март, каде Палестинката по име Нужа Авду во своите раце ги држи своите три деца, а на нејзиното лице се забележува болката од загубата на домот во израелските напади. ( Peter Zay, Ashraf Amra - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Hesham Elsherif; Dawoud Abo Alkas

ГЕРМАНИЈА / ГАЗА - АПРИЛ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата од лева страна, направена на 14 април навивачите на Баер Леверкузен ја слават својата прва титула во Бундеслигата. На фотографијата до неа е фотографија од жена која тагува, опкружена со луѓе околу уништената болница Ал-Шифа, откако израелските сили се повлекле од ова подрачје во Газа. ( Hesham Elsherif, Dawoud Abo Alkas - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Mustafa Yalçın; Ashraf Amra

ФРАНЦИЈА / ГАЗА - МАЈ, 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. Фотографијата од 25 мај 2024 година го прикажува среќниот момент на индиската режисерка Пајал Кападија, која позира со наградата за филмот „Сè што замислуваме како светлина“ на Канскиот филмски фестивал. Под неа, на фотографијата од 21 мај, дете со повредена рака лежи во болницата Ал-Акса, каде се носат ранетите Палестинци по нападот на бегалскиот камп Бурејџ, во Деир ал Балах во Газа. ( Mustafa Yalçın, Ashraf Amra - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Valeria Ferraro; Ali Jadallah

ИТАЛИЈА / ГАЗА - ЈУНИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. Фотографијата од левата страна, направена на 13 јуни 2024 година, ја прикажува италијанската премиерка Џорџа Мелони како го пречекува американскиот претседател Џо Бајден на 50-тиот самит на Г7, кој ги собира седумте најголеми индустриски економии во светот, во Бриндизи, во италијанска Апулија. Спротивно на тоа, фотографијата од 14 јуни 2024 година десно покажува Палестинци кои излегуваат од урнатините, покриени со прав, по израелскиот напад врз домот на семејството Абу Ајша во Деир ал-Балах, Газа. ( Valeria Ferraro, Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Oğuz Yeter; Ali Jadallah

ГЕРМАНИЈА / ГАЗА - ЈУЛИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата од 14 јули 2024 година, фудбалерите на Шпанија ја слават победата во финалето на УЕФА ЕВРО 2024 во Берлин. Од десната страна, фотографијата од 16 јули прикажува Палестинка која тагува заедно со повредено дете откако израелските воени авиони го погодиле училиштето на УНРВА во бегалскиот камп Нусејрат во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа. ( Oğuz Yeter, Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Aytaç Ünal; Ali Jadallah

ФРАНЦИЈА / ГАЗА - АВГУСТ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. Фотографијата од 11 август ги прикажува Стеф Кари и Леброн Џејмс како ја слават победата над Франција во кошаркарскиот натпревар за првото место на петнаесеттиот ден од Олимписките игри во Париз 2024 година. Спротивно на тоа, на фотографијата од десната страна, од 10 август 2024 година, е прикажана Палестинка која тагува над тело завиткано во ќебе во болницата Ал Акса по израелскиот напад на бегалскиот камп Нусејрат во Деир ал Балах. ( Aytaç Ünal, Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Burak Akbulut; Ali Jadallah

ШПАНИЈА / ГАЗА - СЕПТЕМВРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На 12 септември, моден дизајнер претставува креација на Агата Руиз де ла Прада во Мадрид на Неделата на модата. Во остар контраст, на фоторафијата од 28 септември Палестинка тагува за својот сопруг, убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат. ( Burak Akbulut, Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Lokman Vural Elibol; Murat Şengül

САД / ЛИБАН - ОКТОМВРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. Фотографијата од 19 октомври година ја прикажува куќата Вајтстоун, украсена со костури, духови, чудовишта и други украси по повод прославата на Ноќта на вештерките во Бруклин, Њујорк. Во потполн контраст, на фотографијата направена на 30 октомври, е прикажана млада Либанка во нејзиниот разурнат дом при нападот на израелската Армија претходниот дел во либански Сидон. ( Lokman Vural Elibol, Murat Şengül - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Tayfun Coşkun; Ashraf Amra

САД / ГАЗА - НОЕМВРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. На фотографијата од 15 ноември е боксерската борба на Мајк Тајсон и Џејк Пол, проследена од 80.000 гледачи. На десната страна, фотографијата од 27 ноември покажува редица луѓе пред пекарница во Газа, каде поради блокадата има недостиг од храна. ( Tayfun Coşkun, Ashraf Amra - Агенција Анадолија )

Двете страни на 2024 година: Радост во еден дел на светот, болка и разурнување во друг
Fotoğraf: Tayfun Coşkun; Hassan Jedi

САД / ГАЗА - ДЕКЕМВРИ 2024: Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси. Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција. Фотографијата направена на 15 декември го прикажува актерот Б. Џ. Аверел облечен во костим на Дедо Мраз, кој позира со две бебиња на настан на кој се подготвуваат подароци за Божиќ во Калифорнија. Од другата страна, две палестински деца стојат пред урнатините на својот дом во Бурејџ, во Појасот Газа. ( Tayfun Coşkun, Hassan Jedi - Агенција Анадолија )

instagram_banner

Од Турција, од светот, од небо, од копно, најмоќните фотографии од самото место на настаните на нашиот Instagram профил. Следете нѐ

Најнови