свет

Сирија со регионална помош ги става под контрола шумските пожари во Латакија

Постигнатиот напредок се припишува на силната координација меѓу институциите, јавната поддршка и помошта од противпожарните единици кои пристигнаа од Турција, Јордан, Либан, Ирак и Катар

Aida Cako  | 14.07.2025 - Обновена : 15.07.2025
Сирија со регионална помош ги става под контрола шумските пожари во Латакија Фото: Şevket Akça/AA

СКОПЈЕ (АА) - Пожарникарските екипи во северозападната сириска покраина Латакија започнаа да ги ставаат под контрола обемните шумски пожари што беснеат од почетокот на месецот, соопштија официјалните власти, јавува Анадолу.

Министерот за управување со вонредни состојби и катастрофи, Раид Салих, изјави дека е спречено натамошно ширење на огнот, што претставува најзначаен напредок во последните десет дена.

Тој нагласи дека екипите сега се концентрирани на гаснење на преостанатите жаришта и изведување на операции за ладење на стабилизираните подрачја.

Постигнатиот напредок се припишува на силната координација меѓу институциите, јавната поддршка и помошта од противпожарните единици кои пристигнаа од Турција, Јордан, Либан, Ирак и Катар.

Пожарите започнаа на 3 јули во областа Бајирбуџак и брзо се проширија низ повеќе села, зафаќајќи над 15.000 хектари шума и земјоделско земјиште.

Локалните власти и натаму работат на обезбедување помош за погодените заедници и процена на штетите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın