живот

Турската скијачка Сила Кара стана херој во Словенија, спасувајќи го животот на едно дете

Турската репрезентативка по алпинистичко скијање, Сила Кара, спаси дете од паѓање од жичница во Словенија, поради што е прогласена за херој во Словенија

Can Erözden  | 16.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Турската скијачка Сила Кара стана херој во Словенија, спасувајќи го животот на едно дете

АНКАРА (АА) - Турската репрезентативка по алпинистичко скијање, Сила Кара, спаси дете од паѓање од жичница во Словенија, поради што е прогласена за херој во Словенија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Скијачката федерација на Турција, 19-годишната Сила Кара, која на 12 и 13 февруари учествувала на првенство во Словенија, го спасила детето од паѓање од жичница.

Дванаесетгодишното дете кое се наоѓало до неа на жичницата, ја изгубило рамнотежата. Детето успеало да се фати на скиите на Кара, која 15 минути го држела детето во воздух. Тоа потоа било спасено од спасувачкиот тим. 

Во соопштението се вели дека Кара, од страна на полицијата во местото Крвавец била почестена со медал за нејзината храброст.

Кара, говорејќи за овој случај, рече дека детето било во паника откако се лизнало од седиштето на жичницата.

„Ги фрлив стапчињата за скијање и со уста ги извадив моите ракавици. Кога ги извадив ракавиците, детето почна да вика и да плаче: ’Те молам, држи ме со двете раце!‘“, нагласи Кара, додавајќи дека со двете раце го задржала детето околу 15 минути.

Таа истакна дека спасувачкиот тим и персоналот од скијачкиот центар пристигнале на местото на настанот и го пуштиле детето на безбедносната мрежа.

„Се симнав долу да видам дали е сѐ во ред со детето, ми кажаа дека е во добра состојба и дека нема проблеми“, рече Кара.

Како што раскажа, по спасувањето на детето, на местото на настанот пристигнале словенечките медиуми, кои направиле вести во кои нагласиле: „Најдете го ова девојче херој“.

„Словенечкиот полициски началник и неговиот тим ми доделија благодарница на аеродромот“, додаде Кара.

Таа истакна дека нејзина должност е да спаси човечки живот, и дека е среќна што го спасила детето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın