образование, економија

Лабораторијата за балканска економија и финансии е отворена на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ)

- Оздил: „Се надевам дека овој центар, кој ќе им овозможи на нашите студенти по економија и на сите студенти заинтересирани за економија да станат многу подобри финансиери во иднина, ќе биде корисен за нашиот универзитет и за Северна Македонија“

Dzihat Aliju  | 28.10.2025 - Обновена : 29.10.2025
Лабораторијата за балканска економија и финансии е отворена на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ)

СКОПЈЕ (АА) - На Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) во соработка со Истанбулската берза е отворена Лабораторијата за економија и финансии на Балканот, јавува Анадолу.

На настанот, кој се одржа во кампусот на МБУ во Скопје, присуствуваа амбасадорот на Турција во Македонија, Фатих Улусој, претседателот на Управниот одбор на МБУ, Реџеп Сулејман Оздил, извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев, претставници на институции и организации од Турција и Северна Македонија, академици и студенти.

Во својот говор Оздил го изрази задоволството што ги жнее плодовите од чекорите преземени минатата година.

Тој изрази задоволство што универзитетот има ваков финансиски центар и лабораторија.

„Се надевам дека овој центар, кој ќе им овозможи на нашите студенти по економија и на сите студенти заинтересирани за економија да станат многу подобри финансиери во иднина, ќе биде корисен за нашиот универзитет и за Северна Македонија, благодарение на придонесите и поддршката на Халкбанк Скопје и Истанбулската берза, која ќе биде тука со целата своја инфраструктура“, рече Оздил.

Ректорот на МБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, изјави дека се стремат да создадат можности за своите студенти во секоја област и на секој факултет.

„Денес ја отвораме Лабораторијата за економија и финансии на Балканот. Оваа лабораторија ќе биде центар за добра практика за нашите студенти по економија, финансии, бизнис-администрација и менаџмент и ќе му овозможи на нашиот универзитет да создаде вистински и силни врски со финансискиот и економскиот сектор“, рече Сунар.

Штериев, од своја страна, ја нагласи важноста од отворањето на центарот за образовни процеси во Северна Македонија. „Многу ни е драго што по потпишувањето на меморандумот за разбирање со МБУ претходно оваа година, ќе придонесеме за работењето на оваа нова иновативна лабораторија со нашиот внатрешно развиен софтвер наречен виртуелна берза, кој ќе го користат студентите што ќе ја посетуваат оваа лабораторија“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.