политика, Балкан

Косовската Влада, предводена од Албин Курти, пристигна во Скопје

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска ја остваруваат првата заедничка седница

Edıta Zekjırovıc  | 16.09.2021 - Обновена : 16.09.2021
Косовската Влада, предводена од Албин Курти, пристигна во Скопје Фото: Edıta Zekjırovıc/AA

СКОПЈЕ (АА) – Владината делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со официјална церемонија ја пречека делегацијата од Република Косово, предводена од претседателот на Владата, Албин Курти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово, во полн состав, денеска ја остваруваат првата заедничка седница, која е во план да се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите.

Свечениот пречек се одржа пред Владата на Северна Македонија, во присуство на почесната гарда на Армијата на Република Северна Македонија и Воениот оркестар, кој ги интонира химните на двете држави.

На заедничката седница е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

Пред заедничката седница на двете влади, ќе следува тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во владите на двете земји.

Во рамките на овој настан, премиерите Зоран Заев и Албин Курти ќе одржат и заедничка прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.