Турција

„Сопирањето на камионите на МИТ е планско дело на терористичката ФЕТО“

Врховниот суд потврди дека сопирањето на камионите на МИТ во јануари 2014 година во Хатај и Адана не било редовна правна активност, туку активност која плански ја организирала терористичката ФЕТО

Ekipa   | 11.09.2019
„Сопирањето на камионите на МИТ е планско дело на терористичката ФЕТО“

АНКАРА (АА) - КЕМАЛ КАРАДАГ/АЈЛИН СИРИКЛИ ДАЛ –

Врховниот суд на Турција објави опсежно образложение на пресудата со случајот со сопирањето на камионите на Турската разузнавачка служба (MIT), според која, на различни затворски казни се осудени 54 обвинети лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Образложението на пресудата е напишано на 1.320 страници, а станува збор за случај во кој се осудени и поранешниот главен државен обвинител во Адана, Сулејман Багријаник, командантот на жандармеријата во Адана, Хамза Џелепоглу и обвинителите Азиз Такџи и Озџан Шишман.

Обвинението е изречено кон крајот на јуни, а осудените се товарат за членство во терористичката организација ФЕТО и оддавање на државни тајни.

Во образложението се наведува дека Турција во соработка со Слободната сириска војска во северниот дел на Сирија ги штитела своите граници, народ и институции од вооружените странски фактори и систематски вооружени формации, и се додава дека е јасно оти Турција тие операции ги спроведувала во согласност со легалното и легитимно меѓународно право на самоодбрана.

Исто така се наведува дека Турција директно е загрозена од последиците на војната во Сирија и дејствувањето на терористичките групи во тој регион и дека затоа од 2013 година покренала низа активности, со цел заштита од терористички напади и спречување на поделбата на Сирија. Турските сили во соработка со Слободната војска на Сирија покренаа низа операции за да го спречат формирањето на коридор долж северната сириска граница, која беше под окупација на ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.

Судот во образложението наведува дека терористичката организација ФЕТО, чија крајна цел е рушење на уставниот поредок на Турција, дејствувала и во тој период и дека правела сѐ за на меѓународната сцена да го загрози угледот и дигнитетот на турската Влада.

Судот понатаму потсетува дека во врска со случајот со сопирањето на камионите на МИТ, весникот „Ајдинлик“ (Aydinlik) на 21 јануари 2014 година објавил вест под насловот „Ете, оружје во шлеперите“, а на интернет-порталот е објавен текст под насловот „Ајдинлик поседува фотографии со оружје: Не се цевки, гранати се“.

Исто така, Судот потсетува дека Џан Дундар и Ердем Ѓулу во весникот „Џумхуриет“ (Cumhuriyet) во мај и јуни 2015 година објавиле текстови под наслотв „Ете, оружјето за кое Ердоган рече дека го нема“, и со нив објавиле и фотографија со оружје кое наводно се наоѓало во сопрените камиони на МИТ.

Врховниот суд потврди дека сопирањето на камионите на МИТ во јануари 2014 година во Хатај и Адана не било редовна правна активност, туку активност која плански ја организирала терористичката организација ФЕТО.

Судот во образложението појаснува дека тоа било јасен акт на напад на активноста на Владата и на МИТ и дека не можеле да го извршат лица кои дејствуваат посебно, туку само лица кои дејствувале по налог на организацијата.

Во образложението се наведува дека се собрани јасни докази дека камионите на МИТ ги запреле припадници на терористичката организација ФЕТО и дека целата постапка е извршена според план.

За спроведувањето на таквите активности биле задолжени припадниците на ФЕТО, кои претходно биле инфилтрирани на функции во државните иснтитуции и кои ги злоупотребувале овластувањата во корист на терористичката организација ФЕТО.

Судот наведува дека случајот со сопирањето на камионите на МИТ јасно покажува дека ФЕТО е терористичка организација со уредена хиерархија и јасни планови и цели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın