Турција ја осуди незаконската одлука на латвискиот Парламент за настаните од 1915 година
„Одлуката усвоена од Парламентот на Латвија и признавањето на настаните од 1915 година како геноцид е неважечки обид за повторно испишување на историјата со политички мотиви“

АНКАРА (АА) - Турција денеска остро ја осуди одлуката на латвискиот Парламент за нарекување на настаните од 1915 година „геноцид“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Одлуката усвоена од Парламентот на Латвија и признавањето на настаните од 1915 година како геноцид е неважечки обид за повторно испишување на историјата со политички мотиви“, се соопштува од турското Министерство за надворешни работи.
Отфрлајќи ја незаконската одлука, во соопштението на Министерството се нагласува дека парламентите не се места каде што се пишува и проценува историјата.
„Ниту еден од условите, дефинирани во Меѓународното право, за употреба на терминот „геноцид“ не постои во настаните од 1915 година“, се вели во соопштението.
Министерството истакна дека оваа одлука ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година, како и пресудите на Европскиот суд за човекови права од 2013 и 2015 година за ова прашање.
Одлуката е во спротивност со декларацијата што Латвија ја даде по повод 80-годишнината од нејзината окупација во која вели дека предуслов во меѓународните односи е на историските настани да се пристапи на чесен и фер начин, додавајќи дека одлуката поставува двојни стандарди во овој контекст.
Наместо да им служи на агендата на оние кои се обидуваат да создадат непријателство од историјата, Министерството соопшти: „Го повикуваме латвискиот Парламент да го повлече овој погрешен чекор и да ги поддржи напорите за воспоставување практика на мирен соживот во регионот, особено меѓу турската и ерменската нација.“
- Ставот на Турција за настаните од 1915 година -
Ставот на Турција во врска со настаните од 1915 година е дека смртта на Ерменците во источна Анадолија се случила кога одреден дел од нив застанале на страната на руските освојувачи и се побуниле против османлиските сили. Последователното преместување на Ерменците резултирало со голем број жртви.
Турција се противи на претставувањето на овие настани како „геноцид“, опишувајќи ги како трагедија во која двете страни претрпеле жртви.
Анкара континуирано предлагаше формирање заедничка комисија на историчари од Турција и Ерменија, како и од меѓународни експерти, за решавање на ова прашање.
Во 2014 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тогаш премиер, изрази сочувство до потомците на Ерменците што ги загубија своите животи во настаните од 1915 година.