Турција

Турција: Лекарите лојални на ФЕТО одбија да им укажат помош на ранетите

На ранетиот Ридван Демир, вработените од болницата „Тургут Озал“ му рекле дека немаат опрема и не му ја укажале потребната помош

Yeşim Sert Karaaslan  | 23.07.2016 - Обновена : 24.07.2016
Турција: Лекарите лојални на ФЕТО одбија да им укажат помош на ранетите

Ankara

АНКАРА (АА) - Судијата Ридван Демир бил ранет при обидот за државен удар што воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ го извршија на 15 јули. Вработените во болницата „Тургут Озал“, во Анкара, одбиле да му дадат лекарска помош со зборовите: „Се застанува ли против војниците, се излегува ли на улиците? Немаме никаква опрема“, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за здравство по службена пријава отвори истрага против болницата и против нејзините вработени. Демир е ранет во ноќта на 15 јули, а лекарска помош му е укажана во Клиничкиот центар во Анкара.

„Немавме други можности освен да направиме сѐ што е во наша моќ за да ја заштитиме државата и народот од бунтот на терористите. Не можевме да ги спречиме, но можевме да им се спротивставиме. На тој начин ги отстранивме“, истакна Демир, кој додаде дека победил здравиот разум на народот.

Тој за АА раскажа што му се случувало на 15 и 16 јули.

„Ноќта кога е извршен обидот бев дома. Кога почнаа да летаат авиони над нас, сфативме дека нешто не е во ред. Потоа на вестите го слушнавме обраќањето на премиерот и излеговме на улиците. На улиците излегоа и шефови, професори, и работници, и млади и стари, па така и ние. На терористите им се спротивставија десничари, левичари, националисти, со превез и без превез, сите беа таму. Тоа не треба да се занемари“, истакна Демир, кој додаде дека тргнале кон Бештепе во Анкара, но не можеле да стигнат до Претседателската палата. Како што вели тој, стигнале на стотина метри од Дирекцијата на жандармеријата.

„Таму бев ранет. Отидов во болницата на Медицинскиот факултет „Тургут Озал“, која беше најблиску. Осветлувањето на одделот за итна помош беше изгаснато. Тука ни се обратија: ‘Се застанува ли против војниците, се излегува ли на улиците? Немаме никаква опрема’. Тоа ми го кажа докторот кој требаше да ми помогне. Подоцна отидовме во болницата на Газа, „Мустафа Кемал“. Докторите се изненадија и ме прашаа дали ниту вакцина против тетанус не сум примил“.

Демир додаде дека оттаму е пренесен во Клиничкиот центар, каде што му била укажана помош. Тој рече дека поднел жалба во Министерството за здравство.

„Колку што сфатив, на многумина што отишле во болницата во Истанбил и во Анкара, финансирани од терористичката група, не им е укажана помош и се вратени. Тоа го дознав од медиумите. По мене дојдоа уште пет-шест лица. Сите нѐ вратија“, се пожали Демир.

Демир потсети дека лекарите ја имаат положено Хипократовата заклетва и дека нивната задача е првенствено да им помогнат на повредените лица.

„Неприфатливо е да нема опрема на Медицинскиот факултет. Вакцини против тетанус имаат дури и локалните амбуланти. Ова е пристап на терористи: зарем да лекувам луѓе во кои сум пукал“, изјави Демир кој најави дека ќе поднесе тужба и барање за снимките од безбедносните камери во болницата.

Зекерија Коше истата вечер бил со Демир.

„Тој не беше ранет од нападот на хеликоптерите. Бевме во група што замина прва. На нас пукаа терористите во воена униформа околу тенковите, како и терористите пред Дирекцијата на жандармеријата. Кога го ранија мојот пријател, го однесов во најблиската болница“, изјави Коше кој потврди дека на Демир не сакале да му укажат лекарска помош во болницата „Тургут Озал“.

Главниот лекар во болницата „Нумуне“ во Анкара, доцент доктор Реџеп Пекчичи изјави дека на 16 јули, еден час откако укажал помош, почнале да пристигаат ранетите лица. Таа вечер се хоспитализирани 72 лица, кои за кратко биле пуштени од болницата.

„До утрото, 16 пациенти беа задржани во болницата. Од нив, двајца беа на одделот за интензивна нега, а петмина беа оперирани. Еден од нив го изгубивме таа вечер. Моментално во болницата се наоѓаат шест пациенти“, истакна Пекчичи, кој додаде дека еден од пациентите бил и Ридван Демир.

Лекарот Пекчичи додаде дека немало потреба да биде направен оперативен зафат на Демир и дека го зеле за испитување на клиниката за урологија. „Му препишавме терапија со лекови и го испративме дома. Ќе ја следиме неговата состојба. Набрзо ќе оздрави“, истакна Пекчичи. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın