Турција

Турција: Движењето на автохтоните пастирски кучиња Кангали ќе се следи со помош на чипови

Најважната фунцкија на центарот ќе биде одгледување на чистокрвните кангалски кучиња и заштита на нивните гени, а кучињата кои ќе излезат од тој центар ќе бидат следени со помош на чипови

Deniz Çiçek Palabıyık   | 01.08.2020
Турција: Движењето на автохтоните пастирски кучиња Кангали ќе се следи со помош на чипови

АНКАРА

Познатите турски пастирски кучиња Кангали, чија репутација е меѓународна и кои често се користат за чување на стада од дивите животни ширум светот, посебно во Африка, Америка и Австралија, наскоро ќе бидат пратени со помош на чипови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за индустрија и технологија на Турција покрена интересен проект во рамките на кој во градот Сивас во 2021 година ќе биде отворен центар за одгледување, обука и заштита на кангалски кучиња, а планирано е во овој центар секоја година да добијат околу 400 чистокрвни Кангали.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на социјалните мрежи изјави дека благодарејќи на овој проект со помош на чиповите ќе ја заштити оваа позната раса, додавајќи дека за целиот проект ќе бидат издвоени околу седум милиони лири.

Најважната функција на центарот ќе биде одгледување чистокрвни кангалски кучуња и заштита на нивните гени, а кучињата кои ќе излезат од тој центар потоа ќе бидат следени со помош на чипови.

- Студии за генетската разноликост на кучиња 

Чипот кој ќе биде поставен под нивната кожа ќе содржи информации како што е датумот на раѓање на кучиња, името на мајката и таткото, и болеска која ја поминале. Доколку животите се загубат, нивното движење ќе може да се следи со помош на чип.

Во центарот ќе се спроведуваат студии за генетската разноликост на кучиња и ќе пружат можност за долгорочно следње на кучињата на истражувачите кои сакаат да спроведуваат истражување за ова автохтоно пастирско куче.

Центарот ќе ја поседува целата потребна опрема и простории за обука и пружање на ветеринаски услуги. Во центарот исто така ќе се одржуваат и меѓународни изложби на кучиња.

Планирано е во рамките на центарот да бидат изградени и објеки во кои посетителите би можеле да преспијат, да ручаат, да купуваат, што би дало придонес и за локалната економија. Исто така, планирано е центарот да биде финански одржлив со продажба на кучиња и други извори на приходи

- Во првата етапа во центарот стигнуваат 80 кучиња

Во првата етапа во центаот ќе бидат сместени 80 кангалски кучиња. Кучињата ќе можат да се купатпреку интернет страница откако ќе наполнат два месеци. Планирано е подоцна во центарот да бидат сместени вкупно 400 кучиња.

Гувернерот на Сивас, Салих Ајхан, за време на посетата на локалитетот на кој се гради центарот рече дека се работи за многу важен проект со кој ќе може да се следи движењето на овие кучиња каде и да се наоѓаат во светот, со што се заштитува оваа раса.

Генералнот секретар на Развојната агенција Централна Анадолија (ORAN) Ахмет Емин Килџи истакна дека кангалските кучиња се познати како најдобра раса за чување стада.

„Благодарејќи на овој центар, ќе го поддржиме процесот на одледување на овие кучиња. Кангалските кучиња одгледувани тука ќе бидат сигурно за голема помош на фармерите кои ќе ги чуваат стадата овци", рече Клиџи.

- Центарот ќе биде од голема корист

Професорот на Универзтитетот „Џумхуријет", др. Јусуф Зија Ограк, кој околу 30 години како ветеринар спроведува истражувања за кангалските кучиња, рече дека овој центар ќе биде од голема корист за одгледување кучиња.

„Според нашите истражувања, кај секое породување дури 80 отсто од кучињата можат да умрат. Еден од најголемите проблеми е нивната смрт поради недостатокот на вакцинација. Благодарејќи на овој проект ќе се спроведат студии за вакцинација на сите кучиња", додаде Ограк.

Кучето кангал, кое името го доби според истоимениот град во турската област Сивас, со векови им помага на пастирите на подрачјето на Анадолија во чувањето на стадото.Кангалите се истакнуваат со својата интелегенција но и интуитивна и голема лојалност кон сопственикот, како и со пријателско однесување кон децата и жените.

Кангалските кучиња токму поради својата храброст го добија прекарот „Анадолски лав", а познати се и како брза и многу агилна раса, а од османлискиот период одгледувани се на системски начин. Познати се и по тоа што бргу се прилагодуваат на тешки климатски и работни услови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın