Турција ги презема сите мерки за заштита на своите граѓани, дел од Глобалната флотила „Сумуд“, по израелскиот напад
Иако верските празници во Израел може да предизвикаат одредени доцнења во завршувањето на процедурите, се очекува турските граѓани да бидат ослободени наредните денови

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) — Турција внимателно ја следи состојбата на своите граѓани на Глобалната флотила „Сумуд“, која беше нападната од Израел и ги презема сите потребни чекори, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.
Иако верските празници во Израел може да предизвикаат одредени доцнења во завршувањето на процедурите, се очекува турските граѓани да бидат ослободени наредните денови, истакнаа изворите.
Се преземаат сите потребни мерки на претпазливост за да се осигури дека граѓаните нема да се соочат со никакви проблеми меѓу кои ниту здравствени за време на овој процес, додадоа тие.
- Нападот на Израел врз Глобалната флотила „Сумуд“ -
Глобалната флотила „Сумуд“, на пат да ја пробие израелската блокада и да достави хуманитарна помош во Газа, се приближи до водите на Газа синоќа, 1 октомври.
Израелската армија ја нападна флотилата, нелегално запленувајќи десетици чамци и бродови и приведувајќи стотици нивни патници.
Глобалната флотила „Сумуд“ е најголемата флотила што досега тргна да достави хуманитарна помош во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.