Турција

Турција ги обновува патиштата во северна Сирија

„Им благодариме на турскиот народ и на турските власти. Тие нѐ спасија од тортурата. Чекавме пет години за Турција да дојде...“

Burak Bir   | 16.11.2019
Турција ги обновува патиштата во северна Сирија

АНКАРА (АА) - Турција работи на обнова на патиштата во североисточна Сирија, во подрачјето ослободено со турската антитерористичка операција започната минатиот месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Турското Министерство за одбрана на Твитер објави видео со тековните градежни активности во подрачјето на Тел Абјад, ослободено од терористите со турската операција „Извор на мирот“.

„Проблемите поврзани со патната инфраструктура, како и многу други, се решаваат за нашите сириски браќа во Тел Абјад“, се вели од Министерството.

Во видеото, жител на Тел Абјад истакнува дека чекале пет години Турција да влезе во регионот и се заблагодари за тоа што ги спасила од терористите на ЈПГ/ПКК.

„Им благодариме на турскиот народ и на турските власти. Тие нѐ спасија од тортурата. Чекавме пет години за Турција да дојде. [Претседателот] Реџеп Таип Ердоган даде одобрение и Турција дојде. Бевме многу среќни. Нашите соништа се остварија“, истакна локалниот жител.

Додаде дека ќе бидат пресреќни доколку Турција им донесе струја, леб и ги обнови уништените патишта.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара сака терористите на ЈПГ/ПКК да се повлечат од регионот за да се формира безбедносна зона со цел безбедно враќање на околу 2 милиони бегалци.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.