Турција

Турција: Бројот на мигранти кои преку море пристигнуваат во Европа намален за 17,6 отсто

Турското МВР соопшти дека од безбедносните мерки преземени на море и копно за борба против нерегуларната миграција се добиваат позитивни резултати

Orhan Onur Gemici  | 02.05.2019 - Обновена : 04.05.2019
Турција: Бројот на мигранти кои преку море пристигнуваат во Европа намален за 17,6 отсто

АНКАРА (АА) - Во рамки на борбата против нерегуларната миграција, во првите четири месеци во 2019 година во Турција биле фатени 79.002 нерегуларни мигранти. Бројот на странците кои поминувајќи преку морињата пристигнале во Европа, се намали за 17,6 отсто, додека бројот на депортирани нерегуларни мигранти се зголеми за 34 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција се наведува дека од безбедносните мерки преземени на море и копно за борба против нерегуларната миграција се добиваат позитивни резултати.

Според податоците на Генералната дирекција за миграција, во периодот од 1 јануари до 25 април биле фатени 79.002 нерегуларни мигранти, меѓу кои 32.942 Авганистанци, 11.691 Пакистанец и 6.432 Сиријци.

- Намален бројот на фатени нерегуларни мигранти -

Во првите четири месеци во оваа година, во споредба со истиот период минатата година, бројот на фатени нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан се намали за 14 отсто, додека со потекло од Сирија се намали за 55 отсто.

Бројот на фатени нерегуларни мигранти фатени низ Турција се намали за 2,44 отсто.

Исто така, бројот на депортирани нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан се зголеми за 70 отсто, со потекло од Пакистан 79 отсто, додека бројот на депортирани нерегуларни мигранти со друго потекло се зголеми за 34 отсто.

- Пад во бројот на лицата кои преку море пристигнале во Европа -

Благодарение на преземените интензивни безбедносни мерки, намален е бројот на лицата кои се обиделе да преминат во Европа, користејќи ја рутата преку Турција.

Бројот на нерегуларни мигранти кои преку море пристигнаа во Европа во првите четири месеци минатата година изнесуваше 8.332 лица, додека оваа бројка во првите четири месеци во 2019 година изнесуваше 6.864 лица.

Според тоа, бројот на нерегуларни мигранти кои преку море преминале во Европа, се намали за 17,6 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın