Турција

Турско МО: „Во северен Ирак загинаа двајца војници, а двајца се повредени“

„Како резултат на отворање на вознемирувачки оган од страна на припадниците на сепаратистичката терористичка организација во регионот Хафтанин, двајца наши војници го загубија својот живот...“

Barış Gündoğan   | 25.03.2020
Турско МО: „Во северен Ирак загинаа двајца војници, а двајца се повредени“

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека двајца војници загинале, а двајца се повредени во подрачјето на Хафтанин, во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Како резултат на отворање на вознемирувачки оган од страна на припадниците на сепаратистичката терористичка организација во регионот Хафтанин, двајца наши војници, херои, го загубија својот живот, а двајца се повредени“, се нагласува во соопштението од Одделот за односи со јавноста на Министерството.

Се истакнува дека целите утврдени во регионот веднаш интензивно се нападнати и дека е даден соодветен одговор.

„Целите се уништени. Возвратено е за нашите загинати војници, и ќе продолжиме да возвраќаме. Изразуваме сочувство за нашите војници до нивните семејства и Турските вооружени сили, а на повредените војници им посакуваме брзо заздравување,“ се нагласува од Министерството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.