Турскиот претседател отпатува во посета на Саудиска Арабија
Ердоган е придружуван од првата дама на Турција, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за финансии Мехмет Шимшек, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и други министри
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово отпатува во дводневна посета на Саудиска Арабија и Египет, јавува Анадолу.
Ердоган е придружуван од првата дама на Турција, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за финансии Мехмет Шимшек, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и други министри.
„Ердоган ќе оствари средба со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман во Ријад за да разговараат за продлабочување на соработката меѓу Турција и Саудиска Арабија, како и за регионалните и глобалните случувања“, соопшти вчера директорот за комуникации Бурханетин Дуран.
„Турскиот претседател утре ќе отпатува за Каиро на покана на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за да копретседава со вториот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Турција и Египет“, истакна тој.
„За време на посетата на Египет, се очекува Ердоган и Сиси да разговараат за билатерални прашања и да разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања, со посебен фокус на Палестина“, додаде Дуран.
Ердоган, исто така, се планира да присуствува на Бизнис-форумот Турција - Египет за време на неговата посета на Каиро.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
