Турскиот претседател Ердоган на Самитот на Г20 во Јужноафриканската Република
Ердоган пристигна во Јоханесбург експо центарот, каде што се одржува самитот, и беше пречекан од претседателот на Јужноафриканскта Република, Сирил Рамафоса, домаќин на Г20
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна на Самитот на лидерите на Г20 кој се одржува во Јоханесбург, Јужноафриканската Република, јавува Анадолу.
Ердоган пристигна во Јоханесбург експо центарот, каде што се одржува самитот, и беше пречекан од претседателот на Јужноафриканскта Република, Сирил Рамафоса, домаќин на Г20. Рамафоса и Ердоган се ракуваа и се фотографираа.
Турскиот претседател на Самитот на лидерите на Г20 го придружуваат министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, директорот за комуникации Бурханетин Дуран, шефот на Кабинетот на претседателот, и личниот секретар Хасан Доган, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич и заменик-претседателот и портпарол на АК партијата Омер Челик.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
