Турција

Турскиот министер за одбрана, Акар: „Турција ќе продолжи да пружа поддршка на Азербејџан“

„Нелегалната окупација на Карабах и околните подрачја доведе до внатрешно раселување на над еден милион луѓе во Азербејџан. За да се обезбеди мир и стабилност во регионот, ерменската окупација во тие регии мора да заврши“

Hasan Esen   | 30.09.2020
Турскиот министер за одбрана, Акар: „Турција ќе продолжи да пружа поддршка на Азербејџан“

ЛОНДОН (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека треба да се стави крај на ерменската окупација во регионот Нагорно Карабах, со цел да се осигура мирот и стабилноста на Кавказ.

„Турција ќе продолжи да биде во солидарност со Азербејџан и ќе пружа поддршка на Азербејџан, кој го штити својот народ и територијалниот интегритет“, рече Акар, јавува Агенција Анадолија (AA).

Акар преку видеоконференција имаше обраќање на програмата „Турција во променливо глобално и безбедносно опкружување“, во организација на Центарот за турско-британско разбирање (CBTU) со седиште во Велика Британија.

Осврнувајќи се на нападите на Ерменија врз Азербејџан во својот говор, Акар истакна дека Ереван со последните напади уште еднаш покажа дека е најголемата пречка за мирот и стабилноста во регионот.

Подвлече дека ерменските напади претставуваат јасно кршење на меѓународното право и дека најостро ги осудуваат нападите.

„Нелегалната окупација на Карабах и околните подрачја доведе до внатрешно раселување на над еден милион луѓе во Азербејџан. За да се обезбеди мир и стабилност во регионот, ерменската окупација во тие регии мора да заврши“, порача Акар.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın