Турција

Турскиот министер Акар ги осуди ерменските напади во Азербејџан: „Заедно сме со нашите браќа“

- Министерот за одбрана на Република Турција за време на средбата изјави дека неговата земја ќе направи сѐ што е во нејзина моќ во однос на прашањето за ерменските напади во Азербејџан

Sarp Özer   | 16.07.2020
Турскиот министер Акар ги осуди ерменските напади во Азербејџан: „Заедно сме со нашите браќа“

АНКАРА

Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, ги осуди нападите на Ерменија во Азербејџан и порача дека таа земја ќе ја плати цената на своите постапки и како што рече, ќе потоне во сопственото мочуриште, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акар во Анкара ја прими делегацијата на Азербејџан предводена од заменик-министерот за одбрана и командант на воздушните сили, Рамиз Тахиров, со кого разговараше за последните напади на ерменските сили врз азербејџанската војска.

Министерот за одбрана на Република Турција за време на средбата изјави дека неговата земја ќе направи сѐ што е во нејзина моќ во однос на прашањето за ерменските напади во Азербејџан.

„Болката на Азербејџан е и наша болка. Сакам да знаете дека и ние тука го чувствуваме секој проблем со кој вие се соочувате“, изјави Акар, и додаде дека Турција и претходно гласно и јасно истакнувала дека е потполно неприфатлива ерменската окупација на Горно Карабах, извршена без никакво правно оправдување и легитимитет.

„Затоа велам дека во оваа борба заедно сме со нашите браќа од Азербејџан и храбри луѓе, пред сѐ нашиот претседател, како и воените и цивилните структури на Турција. Сите наши граѓани го споделуваат ова чувство и мислење“, рече Акар.

Тој потсети на големото братство, единство и заедништво на Турција и Азербејџан.

„И понатаму ќе застанеме против секој напад на нашите браќа во Азербејџан, како што тоа го правевме и досега. Ние сме едно и заедно со нашите азербејџански браќа ја чувствуваме болката во срцето. Турција, нашите вооружени сили и понатаму ќе продолжат да прават сѐ што е потребно, како што правевме и до денешниот ден. Нека не се сомнева никој во тоа“, порача турскиот министер за одбрана.

Ерменската војска утринава изврши нови напади врз позициите на азербејџанската војска и гаѓаше населени места во пограничниот појас Азербејџан.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските сили рано утринава извршиле нови напади врз азербејџанскиот регион Товуз. Во соопштението се наведува дека се гранатирани азербејџанските села Агдам, Донда Куксу и Вахитли.

Ерменската војска и во неделата изврши напади врз позициите на азербејџанската војска во Товуз. Во судирите загинаа четворица, а ранети се уште четворица азербејџански војници.

Во меѓувреме се продолжени тензиите со честа размена на оган во која животот го загубија седум азербејџански војници, вклучувајќи и еден бригаден генерал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın