Туркије: Планината Немрут привлекува илјадници туристи
За време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам овој локалитет го посетија околу 8.000 туристи
АДИЈАМАН (АА) - Илјадници домашни и странски туристи ја посетуваат планината Немрут во Туркије, која се наоѓа на листата за светско наследство на УНЕСКО, која е едно од најубавите места за набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето од нејзиниот панорамски поглед на пространите рамнини и реката Еуфрат, јавува Анадолу.
За време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам овој локалитет го посетија околу 8.000 туристи.
Планината Немрут, изгаснат вулкан висок 2.150 метри, е ставена на листата за светско наследство на УНЕСКО во 1987 година. Се наоѓа во округот Кахта во Адијаман, југоисточна анадолска област во Туркије, која низ историјата била дом на многубројни цивилизации и култури.
Главна атракција на Немрут е платото во близина на врвот на кое се наоѓа голем број скулптури, меѓу кои и една висока 50 метри за која се верува дека е поставена на гробницата на кралот Антиох Комагенски од првиот век пред новата ера.
Годишно Немрут го посетуваат околу 100.000 домашни и странски туристи, а повеќето доаѓаат на планината за да уживаат во спектакуларната глетка за време на изгрејсонцето и зајдисонцето.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.