Туркије очекува евакуација на уште околу 100 луѓе од Газа во Египет
Персоналот на Министерството за надворешни работи пристигна на граничниот премин Рафа утринава, велат изворите, додавајќи дека доколку дозволат условите, Министерството има намера да евакуира уште околу 100 луѓе.
АНКАРА (АА) - Туркије денес очекува евакуација на уште околу 100 луѓе преку граничниот премин Рафа во Египет во услови на израелските напади, соопштија турски дипломатски извори, пренесува Анадолу.
Персоналот на Министерството за надворешни работи пристигна на граничниот премин Рафа утринава, велат изворите, додавајќи дека доколку дозволат условите, Министерството има намера да евакуира уште околу 100 луѓе.
Државјаните на Туркије и на Турската Република Северен Кипар, кои во понеделникот беа евакуирани од Газа заедно со нивните семејства, треба да пристигнат во Истанбул подоцна во текот на денот со редовен лет на „Туркиш ерлајнс“.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Властите на Газа во понеделникот соопштија дека бројот на жртви од тековните израелски напади врз енклавата од 7 октомври се искачил на над 13.300, од кои 5.600 се деца, а 3.550 жени.
Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, е околу 1.200.