Турција

Туркије: Единствената пештера во Тракија што е отворена за туризам, привлекува посетители со лилјаците

Пештерата се состои од два дела, „сув и влажен“, во кои можете да пешачите само 100 метри од 500-те метри што се отворени за туристите. Во оваа пештера има околу 60.000 лилјаци од 16 различни видови.

Özgün Tiran, Gökhan Zobar, Fırat Çakır  | 21.11.2023 - Обновена : 23.11.2023
Туркије: Единствената пештера во Тракија што е отворена за туризам, привлекува посетители со лилјаците

КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Дупниса, единствената пештера во турскиот регион Тракија отворена за туризам, го привлекува вниманието на туристите со својот богат екосистем и популацијата на лилјаци, јавува Анадолу.

Анадолу собра информации за пештерата Дупниса длабока 2.700 метри, што се наоѓа во селото Сарпдере во турскиот град Киркларели.

Пештерата се состои од два дела, „сув и влажен“, во кои можете да пешачите само 100 метри од 500-те метри што се отворени за туристите. Во оваа пештера има околу 60.000 лилјаци од 16 различни видови.

Илјадници локални и странски туристи секоја година ја посетуваат пештерата, која привлекува внимание со своите богати формации.

Директорот на секторот за култура и туризам во Киркларели, Вели Шен, во изјава за Анадолу рече дека пештерата Дупниса, која се наоѓа во подножјето на планините Истранџа, има многу важен потенцијал од туристички аспект.

Тој потсети дека пештерата е отворена за туризам во 2003 година. „Нашата земја е богата со пештери. Во Киркларели има скоро 40 пештери“, рече Шен поканувајќи ги љубителите на пештерите да ја посетат пештерата Дупниса.

Според него, пештерата Дупниса е поуникатна од другите пештери во регионот.

Шен нагласи дека минатата година пештерата ја посетиле 100.000 домашни и странски туристи, додека во првите 10 месеци од годинава 70.000 туристи, што придонесува за туристичкиот потенцијал на градот и на регионот на Тракија.

- Дел од пештерата е затворен за посети во одредени периоди поради репродукцијата на лилјаци

Шен истакна дека во пештерата има многу лилјаци, а од 15 ноември до 15 мај влажниот дел од пештерата е затворен за посети поради заштита и репродукција на лилјаците.

Тој нагласи дека пештерата се наоѓа на единствена локација, бидејќи е блиску до границата со Бугарија и до метропола како Истанбул.

„Кога туристите ја посетуваат пештерата Дупниса, тие не само што патуваат низ историјата, туку заминуваат среќни и задоволни. Особено популацијата на лилјаци во пештерата го привлекува вниманието на посетителите. Ова е многу важно за нас“, додаде тој.

Меѓу другото, раководителот на Катедрата за историја на уметноста на Универзитетот Тракија, проф. д-р Енгин Бексач, укажа на заштитата и вклучувањето на пештерите во туризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın