Турција

Тунелите од снег во Туркије привлекуваат голем број посетители

- Хусеин Фирез (57) ги поминуваа летните месеци со стадо кози во областа Јахјали, во Кајсери, и доброволно е водич на оние кои сакаат да ги видат тунелите од снег во долината Аксу

Sercan Küçükşahin  | 15.08.2022 - Обновена : 18.08.2022
Тунелите од снег во Туркије привлекуваат голем број посетители Фото: Серџан Кучукшахин / АА

КАЈСЕРИ (АА) - Хусеин Фирез (57) ги поминуваа летните месеци со стадо кози во областа Јахјали, во Кајсери, и доброволно е водич на оние кои сакаат да ги видат тунелите од снег во долината Аксу, јавува Агенција Анадолија (АА).

Снежните наноси што во зимскиот период од планината Аладаглар се спуштаат во долината Аксу, со пристигнувањето на топлото време формираат тунели чија должина изнесува помеѓу 50 и 450 метри.

Оние кои сакаат да го видат овој природен феномен околу два часа патуваат со возило од областа Јахјали, а потоа пешачат четири часа до местото.

Хусеин Фирез и неговото семејство престојуваат во шатор на влезот во долината и водичи се на оние кои сакаат да ги видат тунелите.

Фирез речиси 50 години го поминува времето на планина, а за АА изјави дека многу домашни и странски туристи доаѓаат да ги видат тунелите од снег.

„Оние кои сакаат да ги видат тунелите доаѓаат до нашиот шатор. Им нудиме чај и ајран. Нудиме и јадење на оние кои се гладни. Ние не го правиме тоа за пари, туку од хуманост. Оние кои сакаат да ги видат тунелите ги носиме во обиколка“, кажа Фирез.

Кажа дека оние кои сакаат да ги видат тунелите овие денови поради високите температури минуваат низ тешко патување.

„Оние кои доаѓаат од правецот Јахјали, прво стигнуваат до Гоголук. Оттаму пешачат два часа и доаѓаат до влезот на долината. На влезот во долината е нашиот шатор од каде до тунелот од снег се пешачи два часа“, кажа Фирез.

Додаде дека се чести гостите од Украина, Русија и Франција, но и од турските градови Мерсин, Анталија, Истанбул, Анкара и Кајсери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.