Турција

Султанот Мехмед Фатих пред 570 години го освои Истанбул

- Султанот Мехмед Фатих имал 21 година кога го освоил Истанбул.

Vesna Besic  | 29.05.2023 - Обновена : 31.05.2023
Султанот Мехмед Фатих пред 570 години го освои Истанбул Фото: Архива / АА

АНКАРА (АА) - На денешен ден пред 570 години, османлискиот султан Мехмед II ел Фатих, попознат како Освојувачот, ги освои Истанбул, Цариград или Константинопол, тогашен главен град на Источната Римска Империја (Византија), јавува Анадолу.

Освојувањето на Истанбул или падот на Константинопол, како што уште го нарекуваат, се случило на 29 мај 1453 година, кога османлиската војска предводена од султанот Мехмед Фатих го освоила Константинопол. Султанот Мехмед Фатих имал 21 година за време на освојувањето на Истанбул.

Мехмед II, кој претходно се заколна „Или ќе го освојам Истанбул, или Истанбул ќе ме освои мене“, стана освојувач на градот на два континента. Од тој момент, историјата повеќе не го памети како Мехмед II, туку како султан Мехмед Освојувачот (Фатих).

Со освојувањето на Истанбул дојде крајот на 1.058-годишната Источна Римска Империја.

Иако го покорил градот, султанот Мехмед Фатих не бил фатален за неговите староседелци. Паниката и нетрпеливоста, кои повремено се појавувале, набрзо исчезнаа, а на градот му беше вратена неговата безбедност. Султанот им дозволи на Грците да изберат патријарх. Тој го покани новоизбраниот патријарх на вечера и му подари жезол и круна, со намера да воспостави мир меѓу муслиманите и христијаните во градот. Султанот покажал еднаква наклоност кон еврејската и ерменската заедница во Истанбул.

Со освојувањето на Истанбул, султанот Мехмед Фатих остави длабока трага и во западниот свет и во источните цивилизации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.