Турција

Полната месечина понуди прекрасен поглед на небото над Истанбул

Контрастот меѓу старото и новото – историската Галата кула и новата џамија Чамлиџа – уште повеќе го истакнува уникатниот шарм на градот што лежи на два континента

Elena Trenchevska Chekovic  | 10.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
Полната месечина понуди прекрасен поглед на небото над Истанбул

СКОПЈЕ (АА) – Синоќа Истанбул беше сведок на несекојдневна небесна глетка на полната месечина над препознатливите симболи на градот – величествената Галата кула и импресивната џамија Чамлиџа, јавува Анадолу.

Месечината полека се издигна од хоризонтот и создаде волшебна сцена како од бајка. Контрастот меѓу старото и новото – историската Галата кула и новата џамија Чамлиџа – уште повеќе го истакнува уникатниот шарм на градот што лежи на два континента.

Мајсторската композиција на природата и архитектурата е уште еден од моментите поради кои ентузијастите и фотографите ја посетуваат турската метропола Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın