Турција, наука и технологија

Последен ден од специјалното издание на турскиот технолошки фестивал ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“

Четвртиот и последен ден од настанот предизвика значителен интерес кај јавноста. Посетителите кои сакаат лично да ги видат производите на турската одбранбена индустрија дојдоа уште од раните утрински часови.

Abdulkadir Günyol  | 31.08.2025 - Обновена : 31.08.2025
Последен ден од специјалното издание на турскиот технолошки фестивал ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“ Фото: Beyza Cömert/AA

ИСТАНБУЛ (АА) – Започнаа активностите и настаните од четвртиот и последен ден во рамките на специјалното издание на ТЕХНОФЕСТ со поморска тематика насловено „Сина татковина“, визијата на Националната технолошка иницијатива и организирано како дел од ТЕХНОФЕСТ 2025, јавува Анадолу.

Водечкиот фестивал за технологија, авијација и вселена на Турција, ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“, организиран од Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Т3 Foundation), Агенција Анадолу како нејзин глобален комуникациски партнер, во соработка со турското Министерство за индустрија и технологија и Министерството за национална одбрана, продолжува со својот последен ден од активностите во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул.

Четвртиот и последен ден од настанот предизвика значителен интерес кај јавноста. Посетителите кои сакаат лично да ги видат производите на турската одбранбена индустрија дојдоа уште од раните утрински часови.

Тие се фотографираат за спомен пред бродовите чекајќи за тоа во долги редици, особено за да го посетат најголемиот воен брод на Турција, ТЏГ „Анадолу“.

Покрај ТЏГ „Анадолу“, големо внимание привлекуваат и познатите бродови на Турската морнарица ТЏГ „Истанбул“, ТЏГ „Бургазада“, ТЏГ „Оручреис“, ТЏГ „Нусрет“, ТЏГ „Сакарија“ и ТЏГ „Хизирреис“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın