Турција

Операција против финансиското структурирање на ФЕТО во Турција: Фатени 28 лица

Тимовите на Одделот за борба против финансискиот криминал при полициската дирекција во Истанбул извршија истовремени операции во Истанбул, Анкара, Измир, Коџаели, Ерзурум, Киркларели и Кахраманмараш, во чии рамки се фатени 28 осомничени.

Halil Demir, Filiz Kınık Öz  | 02.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Операција против финансиското структурирање на ФЕТО во Турција: Фатени 28 лица

ИСТАНБУЛ

Во рамки на операцијата спроведена во седум различни области во Турција, приведени се 28 од 40 осомничени за кои е донесена одлука за приведување со образложение дека обезбедиле финансиска поддршка за терористичката организација ФЕТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на истрагата спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство, донесена е одлука за приведување на 40 осомничени за кои е откриено дека работеле во некои компании за кои се вели дека се финансиски центри на ФЕТО.

Тимовите на Одделот за борба против финансискиот криминал при полициската дирекција во Истанбул извршија истовремени операции во Истанбул, Анкара, Измир, Коџаели, Ерзурум, Киркларели и Кахраманмараш, во чии рамки се фатени 28 осомничени.

Во рациите извршени на овие локации се запленети голем број документи и дигитални материјали на оваа терористичка организација.

Се истакнува дека 12 осомничени се во бегство, од кои 7 се наоѓаат во странство, а продолжуваат операциите за фаќање на 5 лица.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın