Турција

Од скршен саз до животна мисија: Приказната на мајсторот Коркмаз од Едрене

- „На посетителите им свирам на саз, ги запознавам со инструментот. Се интересираат, љубопитно слушаат. Нивната заинтересираност ме прави среќен. Музиката е универзален јазик”

Doğukan Vurgun  | 28.01.2026 - Обновена : 28.01.2026
Од скршен саз до животна мисија: Приказната на мајсторот Коркмаз од Едрене

ЕДРЕНЕ (АА) - Рамадан Коркмаз (80) од Едрене, Турција, веќе 66 години поправа и продава саз во историската чаршија Али-паша, пишува Анадолу.

Желбата за музика ја добил уште како дете, откако присуствувал на музички концерт по што со неговиот пријател купиле скршен саз кој подоцна му го менува животот.

Коркмаз, кој научил да свири на инструментот што самиот го поправил, подоцна станал самоук мајстор на инструментот саз.

Подоцна, ја продолжува својата професија во продавницата што ја наследил од својот татко. Со текот на годините тој не е само занаетчија туку се смета за доброволен преносител на музиката и културното наследство во Едрене.

Коркмаз, кој учествувал во музички активности во Јавниот образовен центар, зел учество во различни хорови, и со години настапувал на концерти во рамките на турскиот Румелиски народен ансамбл.

„Нашата цел беше младите луѓе и студентите да ја засакаат турската народна музика.”

Рамадан, кој преку интерпретација на турските народни песни ја пренесува турската музика на следните поколенија, за дописникот на АА изјави дека музиката е центарот на неговиот живот.

Со години бил член и работел во рамките на Јавниот образовен центар, во туристичкото друштво, музичкото здружение и Дирекцијата за култура во областа Едрене.

„Приближно 20 години, секоја година одржуваме концерти и сме активни со Народниот румелиски ансамбл. Нашата цел беше младите луѓе и студентите да ја засакаат турската народна музика”, раскажува Коркмаз.
Тој посочи дека се труди да ја пренесе оваа култура колку што може повеќе.

- „Моето здравје го должам на музиката” -

Неговата продавница привлекува внимание и кај домашните и кај странските посетители. Туристите кои доаѓаат од различни градови низ Турција, но и од странство, со голема љубопитност ги разгледуваат музичките инструменти.

„На посетителите им свирам на саз, ги запознавам со инструментот. Се интересираат, љубопитно слушаат. Нивната заинтересираност ме прави среќен. Музиката е универзален јазик”, изјави Коркмаз и додаде дека уметноста ги обединува луѓето.

Покрај тоа што е во поодминати години, Коркмаз не се откажува од музиката. „Моето здравје го должам на музиката. Колку повеќе сум тесно поврзан со музиката, толку подобро се чувствувам”, изјави Коркмаз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.