Нов подвиг на турското беспилотно летало: „Бајрактар акинџи“ го собори рекордот во висина
Беспилотно летало „Бајрактар акинџи Б“, опремено со два мотори со 750 коњски сили, уште еднаш го собори сопствениот рекорд на летот и го потврди успешниот проект АКИНЏИ на „Бајкар“ под покровителство на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Туркије

ИСТАНБУЛ (АА) - Турското борбено беспилотно летало „Бајрактар акинџи Б“, опремено со два мотори со 750 коњски сили, уште еднаш го собори сопствениот рекорд на летот и го потврди успешниот проект АКИНЏИ што го спроведува „Бајкар“ под покровителство на Дирекцијата за одбранбена индустрија на турското претседателство, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бајкар“ рече дека беспилотното летало „Бајрактар акинџи Б“ по третпат го собори сопствениот рекорд во висината на летот и дека овој подвиг е постигнат за време на тестовите за издржливост, височина и брзина спроведени на 21 јуни во присуство на делегации од Дирекцијата за одбранбена индустрија на Туркије и Воената команда. Турските воздухопловни сили очекуваат да преземат такви авиони.
Тестирањето беше спроведено во Центарот за летови, обука и тестирање на Аеродромот „Корлу“, а „Бајрактар акинџи Б“ изведе лет од 20 часа и 23 минути, достигнувајќи рекордна височина од 45.118 стапки (13.752 метри).
- Трет висински рекорд на „Бајрактар“
Турското беспилотно летало „Бајрактар акинџи А“, опремено со два мотори со 450 коњски сили, првично постави рекорд во висина на летот на 8 јули минатата година и се искачи на височина од 38.039 стапки.
Неговата понапредна варијанта „Бајрактар акинџи Б“ полета на висина од 40.170 стапки на 11 март оваа година, а 45.118 стапки постигнати деновиве е нов рекорд за светски познатиот турски бренд „Бајрактар“.
- Прелета 6.406 километри
На овие историски тестови за прием на борбениот авион „Бајрактар акинџи Б“ во инвентарот на турските воздухопловни сили присуствуваа и делегации од Дирекцијата за одбранбена индустрија на турското претседателство и Командата на воздухопловните сили на турските воздухопловни сили.
„Акинџи Б“ успешно ја заврши пробната активност откако за време на летот во траење од 20 часа и 23 минути помина вкупно 6.406 километри, а беше тестирана и брзината на летот.
- „Акинџи“ за првпат на вежбата „Анадолски орел“
Турскиот борбен авион „Бајрактар акинџи Б“ истовремено учествува на воената вежба „Анадолски орел“.
„Бајрактар акинџи“ изведе мисиски лет по сценарио како дел од вежба во Источниот Медитеран. Тоа беше прво појавување на беспилотните летала „Бајрактар“ во сеопфатна вежба на воздухопловните сили од 29 август 2021 година, кога влезе во инвентарот на Вооружените сили на Туркије.
Во рамките на воената вежба ЕФЕС-2022 одржана во Измир, „Бајрактар акинџи“ успешно полета од базата во Батман, ги погоди поставените цели на полигонот Сеферихисар и се врати во својата база.
- Расте интересот за турските беспилотни летала
Досега Туркије има потпишано договори за извоз на моделот „Бајрактар акинџи ТИХА“ во четири земји и со 22 земји за извоз на моделот „Бајрактар ТБ2 СИХА“.
Испораките на моделот „Бајрактар ТБ2 СИХА“ веќе се во тек во согласност со потпишаните договори, а следната година се очекува да започнат испораките на моделот „Бајрактар акинџи ТИХА“ и придружните системи.
Минатата година „Бајкар“ извезе беспилотни летала во вредност од 664 милиони долари, најголем извор во одбранбената индустрија, според Унијата на турски извозници.
Продолжуваат и преговорите со многу земји заинтересирани за турските беспилотни летала „Бајрактар акинџи ТИХА“ и „Бајрактар ТБ2 СИХА“.