Неутрализирани четворица терористи во југоисточна Турција
- Безбедносните сили неутрализираа најмалку четворица терористи во југоисточна Турција, се соопштува од Министерството за внатрешни работи

АНКАРА
Безбедносните сили неутрализираа најмалку четворица терористи во југоисточна Турција, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од операцијата „Јилидирим-1“, терористите беа неутрализирани од страна на локалната жандармериска команда во Като Јирка во подрачјето Бејтусебап“, се вели во соопштението.
„Операцијата во регионот е во тек“, додава Министерството.
Не е споменато со која терористичка организација се поврзани терористите, но ПКК е активна во регионот.
Ова лето, Турција започна низа безбедносни операции со цел неутрализирање на терористите за кои се верува дека се криеле во источниот и југоисточниот дел на земјата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.