Турција

Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, допатува во официјална посета на Туркије

- Лапид е првиот израелски министер за надворешни работи кој доаѓа во посета на Туркије по 16 години

Emre Karaca  | 23.06.2022 - Обновена : 24.06.2022
Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, допатува во официјална посета на Туркије Фото: Озге Елиф Кизил / AA

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, допатува во официјална посета на Туркије (Турција), јавува Агенција Анадолија (АА).

Израелската делегација која ја предводи Лапид стигна на Аеродромот „Есенбога“ во Анкара, каде што ги пречека делегација со заменик-гувернерот на главниот град на Туркије, Мустафа Еркајиран.

Лапид во Анкара ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, а двајцата шефови на дипломатија заедно ќе им се обратат на новинарите по одржаните билатерални состаноци.

Од Министерството за надворешни работи на Туркије соопштено е дека Чавушоглу и Лапид ќе разговараат за билатерални и регионални теми.

Лапид е првиот израелски министер за надворешни работи кој доаѓа во посета на Туркије по 16 години.

Последниот шеф на израелската дипломатија кој ја посети Анкара беше Ципи Ливни, која ја посети Туркије во мај 2006 година.

Министерот за надворешни работи на Туркије, Чавушоглу, на 24 и 25 мај оваа година ги посети Израел и Палестина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın