Турција

Започнува кампањата „Хелоу, Туркије“ за промовирање на новиот глобален бренд на земјата

Кампањата има за цел да ја објави употребата на називот „Туркије“ како име на земјата на меѓународната сцена

Mehmet Tosun   | 13.01.2022
Започнува кампањата „Хелоу, Туркије“ за промовирање на новиот глобален бренд на земјата

АНКАРА (АА) - Турција денеска започна кампања за најава на одлуката на земјата да го користи името „Туркије“ (Turkiye) на меѓународната сцена, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како дел од кампањата наречена „Хелоу, Туркије“ (Hello, Turkiye), Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство сподели промотивно видео на своите профили на социјалните мрежи, кое е подготвено за зајакнување на турскиот бренд.

На видеото се гледаат странски туристи од различни места во Турција како поздравуваат велејќи „Хелоу, Туркије“.

Во тој контекст, странските консултанти за медиуми кои работат под Дирекцијата за комуникации, исто така спроведуваат различни активности за ширење на кампањата.

Шефот на Одделот за комуникации, Фахретин Алтун, ја промовира кампањата велејќи дека тоа е важен чекор преземен кон целта за воспоставување единство за дијалог и зајакнување на турскиот бренд на глобалната сцена. Алтун нагласи дека Турција го зајакнува сопственото јас и идентитетот во јазикот и комуникацијата, како што тоа го прави на секое поле.

Тој рече дека понатаму ќе формираат канцеларија за брендот „Туркије“ за да го зајакнат турскиот бренд, а земјата ќе врши активности во областа на глобалниот идентитет на брендот и ќе придонесе за зајакнување на неговата слика и вредност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.