Турција

Ердоган: „Ќе вложиме напори за државата на кипарските Турци што побрзо да стекне широко признание“

„Сега единствено барање на кипарските Турци на маса во меѓународните преговори е признавање на нивниот статус на суверена држава. Останатите предлози повеќе немаат валидност“, рече Ердоган

Zafer Fatih Beyaz   | 21.07.2021
Ердоган: „Ќе вложиме напори за државата на кипарските Турци што побрзо да стекне широко признание“ ( Mustafa Kamacı - Anadolu Agency )

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател и челник на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), Реџеп Таип Ердоган, истакна дека не успеале оние што се обиделе да го загрозат движењето на Турција на патот кон развојот и прогресот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Оние што се обидуваат да ја тргнат нашата држава од колосекот на демократијата и развојот по кој се движи веќе 19 години и се подготвува за влез во нова фаза, се свесни дека не успеале“, рече Ердоган во обраќањето преку видеоконференција до претставниците на АК Партијата по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам.

Тој се осврна и на кипарското прашање, напоменувајќи дека Турција секогаш ќе биде со Турската Република Северен Кипар.

„Ќе ги вложиме сите можни напори за државата на кипарските Турци што побрзо да стекне широко признание“, нагласи Ердоган и додаде:

„Сега единствено барање на кипарските Турци на маса во меѓународните преговори е признавање на нивниот статус на суверена држава. Останатите предлози повеќе немаат валидност“, рече Ердоган.

Ердоган истакна дека кипарските Грци од 1963 година ги извршиле сите видови неправда, незаконитости и понижувања кон кипарските Турци.

„Исто така рекоа 'не' на сите можни иницијативи, вклучувајќи го планот на Анан, што го започнаа Обединетите нации, за државна формула во која двете страни би биле застапени на островот. Кипарските Грци беа тие кои и покрај добрата волја на Турција, работеа против нас во нашата држава, во Европската Унија и во секоја иницијатива поврзана за кипарските Турци.“

Исто така, Ердоган истакна дека Турција води одлучна и ефикасна борба против пандемијата на коронавирусот.

„Иако зачестеноста на новите варијанти на коронавирусот се зголемува во другите држави, Турција сè уште не е изложена на оваа закана. Во Курбан бајрам влеговме како земја која постигнала значаен напредок во борбата против пандемијата, значајно се намали бројот на случаите на заразени, пациентите и смртните случаи и постигнат е голем напредок во процесот на вакцинација“, нагласи Ердоган.

Тој додаде дека глобалната пандемија, покрај големиот број проблеми и трошоци што ги предизвикала, донела одредени прилики и можности.

„Турција сега е во фаза на реализација на тие прилики. Индустриското производство оди добро, нашата трговија оживува, нашиот извоз непрестајно руши рекорди, а во секторот на туризмот непрестајно се зголемуваат целите“, истакна Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın