Турција

Ердоган: Турција се залага за обнова на Истанбулските преговори за Украина, со план за решавање на акутните прашања

- Анкара очекува сите партнери кои сакаат да го спречат крвопролевањето меѓу Русија и Украина да заземат конструктивен став во врска со процесот во Истанбул

Esra Tekin, Serdar Dincel  | 19.11.2025 - Обновена : 19.11.2025
Ердоган: Турција се залага за обнова на Истанбулските преговори за Украина, со план за решавање на акутните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција верува дека би било корисно процесот во Истанбул за војната во Украина да се спроведе со „сеопфатна рамка која може да се справи со сегашните акутни проблеми“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на заедничката прес-конференција со својот украински колега Владимир Зеленски, што се одржа денес во Анкара, известува Анадолу.

„Разговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница во дипломатските напори во време кога разорните ефекти од војната (Русија-Украина) се продлабочуваат“, рече Ердоган, нагласувајќи ја важноста на разговорите за завршување на тековната војна организирани со посредничка улога на Турција.

Ердоган ја изрази подготвеноста на Анкара да разговара со Русија за „сите предлози што би го забрзале прекинот на огнот, трасирајќи го патот за праведен, траен мир“.

Турција очекува сите партнери кои сакаат да го спречат крвопролевањето меѓу Русија и Украина да заземат конструктивен став во врска со процесот во Истанбул, посочи претседателот Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.