Ердоган: Туркије е спремна да преземе одговорност за да спречи понатамошно крвопролевање во Газа
Ердоган се обраќати на „ТРТ Ворлд Форум 2023“ кој се одржува во Истанбул
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Туркије е спремна да преземе одговорност за да спречи понатамошно крвопролевање во Газа, јавува Анадолу.
Ердоган имаше свое обраќање на настанот „ТРТ Ворлд Форум 2023“ кој се одржа во Истанбул.
„Туркије е спремна да преземе одговорност за да спречи понатамошно крвопролевање (во Газа)“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека во праведен мир нема губитници, и додаде дека: „Израелскиот премиер Нетанјаху и неговите соучесници ќе се соочат со судење и ќе бидат осудени“.
„Како што беше осуден и уапсен Милошевиќ, верувам дека исто и Нетанјаху и неговите соучесници ќе бидат осудени, и на крајот уапсени“, нагласи турскиот претседател.
Истакна дека Западот што фрла масло на оган, не е тој што ја плаќа цената за секој изгубен момент за постигнување траен мир, туку за жал невините.
Ердоган нагласи дека Израел не убива само жени и деца во Газа, туку и новинари кои се обидуваат да ја извршуваат својата должност под тешки услови.
„Глобалните медиумски картели се обидуваат да ја прикријат бруталноста во Газа и го користат Хамас како изговор да го легитимизираат масакрот врз новинарите“, рече Ердоган.
„Израел, и покрај сето свое варварство, ја губи својата пропагандна војна во медиумите, не можејќи да го скрши отпорот на луѓето во Газа“, додаде тој.
За над 70-те убиени новинари во Газа, Ердоган рече: „Каде се реномираните светски медиуми? Зошто не објавуваат наслови за убиените новинари?“
Во своето обраќање на форумот турскиот претседател им честита на ТРТ и Агенција Анадолу (АА) за известувањата од Газа и потсети дека снимател на АА е убиен во израелски напад во Газа.
„ТРТ, Анадолу и други наши медиумски куќи отворија витален коридор од Газа во светот“, рече Ердоган.
Инаку, фриленсерот на АА, Монтасер Ал-Саваф, кој известуваше од Газа, беше убиен во израелските воздушни напади минатиот петок. Нападот се случи една недела откако 45 членови на неговото пошироко семејство, вклучително и неговите родители и браќа, беа убиени во претходен израелски воздушен напад.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
