Турција

Ердоган: „Дигиталниот фашизам стана закана која оневозможува милијарди луѓе да примаат точни вести“

Ердоган упати видео порака по повод одржувањето на 4. состанок на министри и високи претставници одговорни за медиумите и информирањето на Организацијата на туркиските земји

Sefa Mutlu, Kübra Kara  | 14.05.2022 - Обновена : 15.05.2022
Ердоган: „Дигиталниот фашизам стана закана која оневозможува милијарди луѓе да примаат точни вести“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „дигиталниот фашизам стана закана која го оневозможува правото на милијарди луѓе да примаат точни и непристрасни вести“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган упати пригодна видео порака по повод одржувањето на 4. состанок на министри и високи претставници одговорни за медиумите и информирањето на Организацијата на туркиските земји, чиј домаќин е Кабинетот за комуникации на претседателот на Турција.

Овогодинешниот состанок се одржува во турската метропола Истанбул.

Ердоган изрази задоволство што се домаќини на бројни учесници во Истанбул, град со богата култура, историја, природа и цивилизација.

„Како што знаете, ние, како туркиски свет, ја подигнавме нашата меѓусебна солидарност на уште повисоко ниво со основањето на Организацијата на туркиски земји минатата година. Со тоа формиравме основа за нова ера во многу области од политиката, образованието и економијата до соработката во областа на безбедноста“, рече турскиот претседател.

Тој истакна дека во светлината на документот за визијата на туркискиот свет за 2040 година, потребно е продлабочување на солидарноста на различни полиња.

„Прашањата за медиумите и комуникациите, борбата против социјалните медиуми и дезинформациите се од витално значење во смисла на обезбедување на нашиот политички и општествен опстанок. Навалата на лаги и клевети на кои бевме сведоци за време на војната во Карабах нé потсетија на важноста на ова прашање и покажа колку е неопходно е да ги здружиме силите“, рече Ердоган, и додаде:

„Војната не се водеше само на теренот, туку 44 дена имаше жестока борба во многу медиуми, од печатени и визуелни до социјални. Во светлината на нашите горчливи искуства, сите ние сега многу јасно ја гледаме оваа вистина. Медиумите, за кои се вели дека се „четвртата сила во демократските општества, може да се претвори во орудије за манипулација кое ја искривува и прикрива вистината во рацете на одредени сили, одредени светски компании и злонамерни кругови“, рече Ердоган.

Истакна дека социјалните медиуми во кои нема самоконтрола или етички вредности претставуваат сериозен ризик.

„Дигиталниот фашизам стана закана која го оневозможува правото на милијарди луѓе да примаат точни и непристрасни вести. Каналите на социјалните медиуми, особено оние без самоконтрола, надзор, правила или етички вредности, претставуваат сериозни ризици за сите општества. Да се трага по вистината, да се дојде до вистината и да се биде заштитник на вистината доби многу поголемо значење“, истакна Ердоган и порача:

„Затоа, комуникацијата ја гледам како прашање од стратешко значење, барем како одбраната, безбедноста и здравството. Се надевам дека ваквите средби дополнително ќе ја развиваат нашата соработка во прашања како што се борбата против дезинформациите, безбедноста на информациите, развојот на националните информациони технологии, како и проектите на филмови и серии со кои се промовира заедничката култура“, рече турскиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.