Ердоган: Во експлозијата во Истанбул загинаа најмалку 6 лица, повредени се 81 лице
„Напорите да се преземе контрола врз Туркије и турската нација преку тероризам нема да дадат резултати“, порача турскиот претседател

ИСТАНБУЛ (АА) - Во експлозијата на улицата Истиклал во Истанбул загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на прес-конференцијата пред заминувањето за Индонезија по повод 17. Самит на групата Г20, Ердоган рече дека врз основа на првичните информации од гувернерот на градот, експлозијата можно е да е терористички акт.
Првичната истрага покажува во експлозијата е вмешана жена, рече тој, додавајќи дека сите сторители ќе бидат идентификувани.
„Напорите да се преземе контрола врз Туркије и турската нација преку тероризам нема да дадат резултати“, порача турскиот претседател.
Претходно, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, изјави дека експлозијата се случила околу 16:20 часот по локално време, и дека на местото на настанот се испратени полициски службеници и службата за итна помош.