Турција

Ердоган: Во земјотресот досега загинаа 912 лица, повредени се 5.385

„Утрово во 4:17 часот нé потресе најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан во 1939 година, што ја доживеавме во минатиот век“

Diyar Güldoğan  | 06.02.2023 - Обновена : 06.02.2023
Ердоган: Во земјотресот досега загинаа 912 лица, повредени се 5.385

АНКАРА (АА) – Во разорниот земјотрес што утрово ја погоди јужна Туркије досега загинаа 912 лица, а 5.385 се повредени, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган денеска пристигна во седиштето на Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД) во главниот град Анкара, каде ги сподели најновите информации поврзани со земјотресот што утринава ја потресе Туркије.

„Во земјотресот во Туркије загинаа 912, а повредени се 5.385 лица“, рече Ердоган, напоменувајќи дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на граѓаните под урнатите згради.

Нагласи дека Туркије е погодена од најголемата катастрофа во последните повеќе од 80 години.

„Утрово во 4:17 часот нé потресе најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан во 1939 година, што ја доживеавме во минатиот век“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека во погоденото подрачјето мобилизирани се државните институции со сите свои служби.

„Над 9.000 спасувачи моментално трагаат по исчезнатите во земјотресот, бројот на спасувачи постојано се зголемува. Досега од под урнатините се спасени 2.470 луѓе, бројот на урнати згради достигна 2.818“, рече Ердоган.

Додаде дека е започнато воспоставување на контакти со Туркије со цел меѓународна помош. Според Еродган, НАТО, Европската Унија и 45 земји ѝ понудиле помош на Туркије.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турски Кахраманмараш. Од земјотресот сериозно се погодени и областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın