Турција

Во операција на турските сили и МИТ неутрализирана терористка од тесното раководство на ПКК

Експертите велат дека неутрализирањето на Билен, во првата фаза ќе го уништи моралот и мотивацијата на женската структура на ПКК/КЏК

Mümin Altaş   | 30.03.2020
Во операција на турските сили и МИТ неутрализирана терористка од тесното раководство на ПКК

АНКАРА (АА) - Назифе Билен, припадничка на т.н. Раководен комитет/Извршен совет на КЏК, едно од највисоките тела за донесување одлуки на терористичката организација ПКК, беше неутрализирана со заедничката операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од безбедносните извори, МИТ и ТСК спровеле заедничка операција во Кандил, северен Ирак.

Во своите напори да се елиминираат припадници на високото раководство на ПКК, МИТ при операцијата искористи информации од локалните разузнавачки елементи во Кандил.

МИТ од пред неколку месеци започна да собира информации преку елементите на локалната мрежа што ги воспостави во регионот. Направени се детални студии со цел цивилите да не бидат погодени од операцијата.

Пред операцијата некои елементи на МИТ се испратени на различни места од безбедносни причини.

По оценката направена во седиштето на МИТ, Назифе Билен, припадничка на т.н. Раководен комитет/Извршен совет на КЏК, едно од највисоките тела за донесување одлуки на терористичката организација ПКК, е неутрализирана во заедничката операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК).

Назифе Билен, една од шесте активни членки на таканаречениот Раководен комитет на КЏК е една од основачите на женското движење на ПКК, откако се здоби со политичка и воена обука од водачот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан во Сирија и Либан.

Експертите наведуваат дека неутрализирањето на Билен, во првата фаза ќе го уништи моралот и мотивацијата на женската структура на ПКК/КЏК.

Тие исто така посочуваат дека неутрализирањето на Билен, како една од основачите на женското движење на ПКК ќе има краткорочни и среднорочни резултати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın