Турција

Возач на автобус во Турција ја сменил рутата и префрлил патничка во болница

- На патничката ѝ е укажана лекарска помош и нејзината здравствена состојба е добра

Uğur Çiçek  | 08.05.2022 - Обновена : 10.05.2022
Возач на автобус во Турција ја сменил рутата и префрлил патничка во болница Фото: Угур Чичек / АА

БУРСА (АА) - Возач на автобус во дистриктот Инеѓол, во турската област Бурса, ја променил рутата за да може патничката, на која ѝ се слошило, да ја префрли во болница, известува Агенција Анадолија (АА).

На патничката Мерал Ј. (38), која патувала на релацијата Аланјурт - Инеѓол, одеднаш ѝ се слошило.

Возачот на автобусот Нијази Атеш го приметил тоа и ја променил рутата, со цел патничката да ја префрли во болница во Инеѓол.

На Мерал Ј. ѝ е укажана лекарска помош и нејзината здравствена состојба е добра.

Градоначалникот на Инеѓол, Алпер Табан, му честитал на возачот на автобусот за направениот гест.

„Секоја чест. Му честитам на Нијази Атеш кој ја смени рутата на возење за да ѝ помогне на патничката на која ѝ се слошило и ја префрлил во болница“, изјави Табан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.